Прејди на содржината

Ингаре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ингаре
Бјорквик на Ингаре
Географија
Координати59°16′N 18°28′E / 59.267°N 18.467°E / 59.267; 18.467
Површина63,26 км2
Држава
ОкругСтокхолм
ОпштинаВермдо
Местоположба на Ингаре (црвено) во Стокхолмскиот Архипелаг
Пристаниште на Ингаре
Црква на Ингаре

Ингаре е остров на Стокхолмскиот Архипелаг кој ѝ припаѓа на општината Вермадо на Стокхолмскиот округ. Главното населено место е Брун. Овој остров е со површина од 63 км2 и е 16-ти по величина остров на Шведска.[1][2] Петроглифите (врежани слики во карпи) покажуваат дека островот бил населен уште од нордиското бронзено време. Од XX век, бројот на жителите на Ингаре постојано опаѓа, иако сè повеќе се градат куќи за одмор на островот. Сепак, во скорешно време, како што се зголемува бројот на изградните објекти, а викендашите стануваат постојани жители на островот, бројот на населението на Ингаре почнува да расте. Подобрувањето на комуникациите го олеснува редовното патување од предградјето во главниот град Стокхолм.

На Ингаре бил погребан првиот шведски воздухопловец, Карл Кедерстром, познат како „Летечкиот барон“. На островот постои терен за голф и тениски терени. Постои и нудистичка плажа, сместена кај Återvallssjön, а прва од тој тип отворена во Шведска.[3]

На остров Ингаре постои локација за снимање на филмови, а тука се снимани делови од филмот Sune's Summer од 1933 година,[4] и делови од филмот Девојката со тетоважа на змеј (The Girl with the Dragon Tattoo), со англискиот глумец Даниел Крег.[5]

На 14 јуни 2008 година, Esbjorn Svensson (голем пијанист за џез бендот E.S.T) исчезнал за време на нуркање. Неговите придружници, вклучувајќи го и неговиот тогаш 14-годишен син, на крајот го нашле како лежи во бессознание на морското дно..

  1. „Statistisk årsbok 2011“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-02.
  2. „Utbud - Ingarö“. Visit Varmdo (англиски). Посетено на 2018-12-15.
  3. „Torpesand på Ingarö | Skandinavisk Naturistportal“. www.scandinavianaturist.org. Посетено на 2018-12-15.
  4. LLC, Revolvy. "Sune's Summer" on Revolvy.com“. www.revolvy.com (англиски). Посетено на 2018-12-15.
  5. „The Girl with the Dragon Tattoo (2011)“. www.imdb.com.