Инвазија на Светослав I во Бугарија
Инвазија на Светослав I во Бугарија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиско-руски војни Византиско-бугарски војни |
||||||||
|
||||||||
Завојувани страни | ||||||||
Киевска Русија, Печензи, Унгарци | Прво Бугарско Царство | Византија | ||||||
Команданти и водачи | ||||||||
Светослав I | Петар I Борис II | Јован I Цимискиј Варда Склир |
||||||
Сила | ||||||||
60,000+ | ~30,000 | ~30–40,000 |
Инвазијата на кнезот Светослав I во Бугарија — две руски воени експедиции во Бугарското Царство во 968-969 година, кои дале повод за започнување на Руско-византиска војна. Победувајќи ги Бугарите, киевскиот кнез Светослав I се утврдил во главниот град Тулча. Во борбата со Византијците опустошил голем дел од Тракија, но во 971 година претрпел пораз и бил принуден да се откаже од сите свои освојувања. По освојувањето од страна на Русија на Источна Бугарија (заедно со главниот град Преслав), по нивниот пораз против Византија, овие територии биле присоединети кон византиска земја.
Руско-бугарска војна
[уреди | уреди извор]Во 966 година византискиот цар Никифор II Фока ставил крај на мирот меѓу Бугарија и Византија, кое траело речиси 40 години, од времето на Симеон I. Незадоволен од одбивањето на Петар I да ги спречи унгарските напади кои преку Бугарија вршеле напади и во Византија, Никифор започнал поход во Тракија. Походот не ја постигнал својата цел бидејќи главните византиски сили биле сконцентрирани во освојувањето на Сирија од Арапите[1] . Затоа, византискиот цар решил со руска поддршка да ја потисне Бугарија. Во 967 биле испратени византиски пратеници во Киев, кои го убедиле на рускиот кнез да ги нападне териториите на Бугарија, а во замена му биле понудени 100.000 златници.[2]
Така, Светослав следната 968 година со голема армија (според различни извори меѓу 10 000 и 60 000 борци) преку реката Днепар и црноморскиот брег започнал поход кон Бугарија, и во текот на летото на истата година пристигнал до Дунав. Бугарската армија била поразена уште во првата битка, по кое руските сили започнале со освојување на десетици градови од двете страни на Дунав (денес во јужна Бесарабија и северна Добруџа). По ова започнал напад на Печензите (кои биле во сојуз со Бугарите). Овој напад го принудил на Светослав да се повлече бидејќи под закана се наоѓал неговиот главен град, но во Тулча и други освоени градови биле оставени руски гарнизони.[3].
Во летото 969 година, откако се справил со Печензите, Светослав повторно се вратил кон Бугарија и ги принудил на бугарските сили да му се потчинат. Борис II (кој го наследил во меѓувреме починатиот Петар I) ја задржал формално титулата на бугарски владетел, но бил принуден да војува заедно со Русија против Византија.
Руско-византиска војна
[уреди | уреди извор]Трајното воспоставување на контрола кај Дунав од страна на руските сили довело до создавање на нова закана за византиска Тракија. Затоа малку пред Бугарите да се потчинат на Светослав, Никифор II Фока склучил сојуз со Борис II, но не успеал да му даде навремена помош. Подготовките за војна против Русија биле спречени од превратот против Никифор (декември 969) од страна на Јован I Цимискиј, кој се обидел да го убеди Светослав да се повлече од Бугарија со дипломатски средства, но безуспешно.
Во 970 година руско-бугарската војска влегла во Тракија. Светослав со себе го донел кандидатот за византискиот престол - Калокир од Херсонес. Градот Филипопол (Пловдив) бил преземен и дел од неговите жители биле убиени. Византискиот војсководец Варда Склир успеал да ја порази Русија кај Аркадиопол, но неуспехот не ги сопрел нападите на Светослав.
Во пролетта на 971 година императорот започнал голема контраофанзива по копно и по море. Во почетокот на април копнената византиска армија ги преминала незаштитените премини на Стара Планина и го освоила Преслав. Бугарите по ова поминале на страната на Византијците, откако императорот објавил дека бил дојден за да ги ослободи од руското владеење. Подоцна истата година, Јован I Цимискиј успеал да ги порази на руските сили и да го принуди да се повлече кон Дрестер. Опсадата на копно и вода (со учество на византиската флота) траела три месеци. Светослав на крајот бил принуден да склучи мировен договор.
Последици
[уреди | уреди извор]Според договорот руските војници се повлекле од Бугарија. Спротивно на ветувањата, Цимискиј ја наметнал византиска воена администрација во освоените бугарски територии во Тракија и источна Мизија. Бугарското царство заедно со Бугарската патријаршија биле уништени, а царот Борис II бил однесен како заробеник во Цариград.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Златарски, В. История на българската държава през средните векове. Том I, част 2. Издателство Наука и изкуство. София 1971, стр. 545-548 (достъп 27.02.2011);
Острогорски, Г. История на византийската държава. Издателска къща „Прозорец“. София 1998. ISBN 954-8079-92-5, стр. 381-384 - ↑ Златарски, История на българската държава през средните векове (1971), I/2, стр. 548-551
- ↑ Златарски, История на българската държава през средните векове (1971), I/2, стр. 559-561
Литература
[уреди | уреди извор]- Andreev, Jordan; Lalkov, Milcho (1996), The Bulgarian Khans and Tsars (бугарски), Veliko Tarnovo: Abagar, ISBN 954-427-216-X
- Curta, Florin (2006), Southeastern Europe in the Middle Ages, 500–1250, Cambridge; New York: Cambridge University Press, ISBN 978-0-521-81539-0
- Fine, John Van Antwerp (1991), The Early Medieval Balkans: A Critical Survey from the Sixth to the Late Twelfth Century, Ann Arbor: University of Michigan Press, ISBN 978-0-472-08149-3
- Haldon, John F. (2001), The Byzantine Wars, Stroud: Tempus, ISBN 978-0-7524-1795-0
- Hanak, Walter K. (1995), „The Infamous Svjatoslav: Master of Duplicity in War and Peace?“, Во Miller, Timothy S.; Nesbitt, John (уред.), Peace and War in Byzantium: Essays in Honor of George T. Dennis, S.J., Washington, D.C.: The Catholic University of America Press, ISBN 978-0-8132-0805-3, Архивирано од изворникот на 2010-06-17, Посетено на 2015-10-30
- Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, New York: Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6
- Obolensky, Dimitri (1971), The Byzantine Commonwealth: Eastern Europe, 500–1453, New York: Praeger Publishers, ISBN 978-0-297-00343-4
- Runciman, Steven (1930), A History of the First Bulgarian Empire, London: George Bell & Sons, OCLC 832687
- Stephenson, Paul (2000), Byzantium's Balkan Frontier: A Political Study of the Northern Balkans, 900–1204, Cambridge; New York: Cambridge University Press, ISBN 0-521-77017-3
- Stokes, A.D. (1962), „The Background and Chronology of the Balkan Campaigns of Sviatoslav Igorevich“, Slavonic & East European Review, 40: 44–57
- Talbot, Alice-Mary; Sullivan, Dennis F., уред. (2005), The History of Leo the Deacon: Byzantine Military Expansion in the Tenth Century, Washington: Dumbarton Oaks, ISBN 978-0-88402-324-1
- Treadgold, Warren T. (1997), A History of the Byzantine State and Society, Stanford, CA: Stanford University Press, ISBN 0-8047-2630-2
- Whittow, Mark (1996), The Making of Byzantium, 600–1025, Berkeley: University of California Press, ISBN 0-520-20496-4
- Zlatarski, Vasil (1971) [1927], „Part II. From the Slavinization of the Country to the Fall of the First Empire (852–1018).“, History of the Bulgarian state in the Middle Ages, Volume I. History of the First Bulgarian Empire (бугарски) (2. изд.), Sofia: Nauka i izkustvo, OCLC 67080314