Импулсно бирање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Моделот 500 на Вестерн Електрик со бројчаник бил со импулсно (декадно) бирање

Импулсно бирањесигнална технологија во телекомуникациите при која струјата во локалната јамка се прекинува согласно дефиниран коден систем за секој пренесен сигнал, вообичаено цифра. Заради ова, овој метод често се нарекува бирање со прекин на јамката. Во најчестата варијанта на импулсното бирање, декадното бирање, секоја од десетте арапски броеви се кодирани во секвенца до десет импулси. Во најчестата верзија цифрите од 1 до 9 се кодираат со еден до девет импулси соодветно, а цифрата 0 се кодира со десет импулси. Историски, како уред за генерирање ваква поворка импулси бил бројчаникот на телефонот.

Брзината на импулсите историски била одредена врз основа на времето на одговор кое им било потребно на електромеханичка централаелектромеханичките централи за да работат сигурно. Најголемиот број телефонски системи користеле номинална брзина од десет импулси во секунда.

Рани автоматски централи[уреди | уреди извор]

Автоматските телефонски централи биле развиени кон крајот на XIX и почетокот на XX век. За идентификација на телефонските претплатници им биле доделени единствени телефонски броеви. Различни методи еволуирале за да се пренесе информацијата за телефонски број директно биран од претплатникот. Автоматски бирач бил дизајниран од Хилборн Рузвелт.[1]

Првата комерцијална автоматска телефонска централа, дизајнирана од Алмон Браун Строуџер, била пуштена во употреба во Ла Порт, Индијана на 3 ноември 1892 година, и користела два клуча на телефонот, кои требало да се активираат коректен број пати за да се контролираат хоризонталните и вертикалните релејни магнети во централата. Но користењето на посебни клучеви со посебни спроводници до централата било непрактично. Најчест сигнализациски систем станал системот кој користел поворка импулси генерирани во телефонските апарати на претплатниците со прекинување на еднопаричната јамка на телефонското коло.

Бројчаник[уреди | уреди извор]

Строуџер исто така го дал првиот патент за бројчаник во 1891 година. Првите бирања работеле со директна акција. Импулсите биле праќани како што корисникот вртел до граничникот за прстот на различна позиција за секоја пренесен цифра. Ваквото функционирање не било доверливо барало рамномерно движење на прстот. Овој механизам наскоро бил дотеран така што вклучувал пружина и центрифугален управувач кој ја контролирал брзината на враќање. Корисникот ја бирал цифрата која требало да се испрати со ставање на прстот во соодветната дупка и го вртел до граничникот на прстот. Кога се враќал од оваа позиција, контактите на импулсниот бирач се отворале и затворале, прекинувајќи ја струјата на јамката во зависност од избраната цифра до почетната позиција. Централата ги декодирала овие импулси.

Импулсна брзина и кодирање[уреди | уреди извор]

Во првите електромеханички комутациски системи струјните импулси генерирани од бројчаникот на локалната јамка директно делувале на електричните бирачи на централата. Механичката природа на релеите генерално ја ограничувала брзината на функционирање, брзината на импулсите, на десет во секунда.

Според спецификациите на Бел систем во САД било потребно персоналот да го дотерува бирањето кај корисничките станици со прецизност од 9,5 до 10,5 импулси во секунда, но толеранцијата на комутациската опрема генерално била меѓу 8 и 11 импулси во секунда.[2] Британанскиот стандард за централи со Строуџерови бирачи бил 10 импулси во секунда (дозволено од 7 до 12) и однос импулс-пауза 66% (дозволен однос од 63% до 72%) [3][4]

Во најголемиот број комутациски системи еден импулс се користел за цифрата 1, два импулси за 2, итн., со десет импулси за нулата. Исклучоци од ова се: Шведска со еден импулс за 0, два импулси за 1, итн., Нов Зеланд со десет импулси за 0, девет импулси за 1, итн. Осло, главниот град на Норвешка, го користел новозеландскиот систем, но остатокот од земјата, не. Системите кои го користеле ова кодирање со десет цифри во секвенца до десет импулси се познати како декадни системи на бирање.

Кај некои телефони, можеле да се чујат импулсите во слушалката како звук на кликање. Сепак, во општ случај, овие ефекти се несакани и дизајнерите на телефони ги супресирале на механички начин или многу ги ослабувале на електричен начин со поврзување варистор на слушалката.

Бирање преку виљушка[уреди | уреди извор]

Британски телефон тип 232 од 1932 година

Со оглед дека импулсното бирање се добива со прекин на локална јамкалокалната јамка, во принцип било можно да се избере телефонскиот број со брзо чукање на виљушката на телефонскиот апарат соодветен број на пати за секоја цифра, со брзина приближно десет чукања во секунда. За да го спречат ова, бројни производители имплементирале успорување на виљушката.

Во популарната култура, чукање на виљушка е прикажано во филмот Црвениот змеј (2002) како начин на бирање на затвореникот Ханибал Лектер без механизам за бирање на телефонскиот апарат.

Следбеници[уреди | уреди извор]

На почетокот на 1940-тите години се заклучило дека посигурно бирање може да се изведе со копчиња, но истото било недоверливо до трансформацијата на индустријата што ја направиле транзисторите. Во 1963 година Бел систем го вовеле мултифреквентиот систем со два тона (DTMF, dual-tone multi-frequency).[5] Овој систем користи телефонски апарати со копчиња. Импулсното бирање постепено застарело, но многу системи и денес го поддржуваат овој начин на бирање. Некои телефонски апарати имаат преклопник за избор на тонско или импулсно бирање..

Мобилните телефони и повеќето системи за говор преку ИП користат сигнализација вон говорен опсег и не испраќаат цифри сè додека корисникот не го отчука целиот број. Многу ГпИП системи се базирани на СИП протоко, кој користи облик на „униформен идентификатор на изворот“ (URI, Uniform Resource Identifier) за адресирање наместо поединечни цифри.

Импулсното бирање во Македонија[уреди | уреди извор]

Со првите автоматски централи во Скопје и Куманово во 1940 година[6] било воведено и декадното бирање. Истото опстојува и денес кај мал дел корисници иако телефонската мрежа е ИП базирана[7].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wikisource-logo.svg Isa Carrington Cabell. (1900). „Roosevelt, Nicholas I.“. Еплтонова биографска енциклопедија на Америка.
  2. AT&T Specification No. 4566, February 1926, p.113
  3. J. Atkinson, Telephony Volume 1, p.142 (1948, Pitman, London)
  4. Current UK standard BT SIN 351
  5. The Trademark Electronic Search System on the U.S. Patent and Trademark Office web site shows the trademark with serial number 72109459, registered 1962-09-04 and cancelled 1984-03-13.
  6. Костовски, Ристо (1998) (на македонски). Македонска пошта, Македонски телекомуникации. Скопје: Ми-Ан. стр. 114. ISBN 9989-613-03-6. 
  7. Македонија е прва во Европа со целосна миграција кон ИП мрежа на семрежното место на Капитал