Империја (ТВ-серија)
Изглед
| Империја | |
|---|---|
| Жанр | Драма Сапуница |
| Создадена од | Ли Дениелс Дени Стронг |
| Улоги | Теренс Хауард Тараџи Пи. Хенсон Џуси Смолет Малик Јоба |
| Воведна тема | No Apologies |
| Композитор(и) | Фил Ајслер Тимбаланд (песни) |
| Земја на потекло | |
| Првичен јазик | англиски |
| Бр. на сезони | 6 |
| Бр. на епизоди | 102 (список на епизоди) |
| Производство | |
| Камера | мулти камера |
| Времетраење | 42 минути |
| Прикажување | |
| Првична мрежа | FOX |
| Првично прикажување | 7 јануари 2015 – денес |
Империја (англ. Empire) — американска телевизиска серија, создадена од Ли Дениелс и Дени Стронг. Првата епизода се емитуваше на 7 јануари 2015 на американскиот телевизиски канал FOX. Приказната на серијата се центрира околу Луциус Лајон, основач и директор на Empire Entertainment, една од најуспешните музички издавачки куќи во Америка.
Премиерата на серија стекна неверојатно добри критики и публика од околу 9.90 милиони гледачи. Бројот на гледачи расте секоја недела; Империја е првата серија каде што секоја наредна епизода стекнува поголема публика и интерес од претходната.
Глумци и улоги
[уреди | уреди извор]- Теренс Хауард во улогата на Луциус Лајон, поранешен дилер на дрога и директор на Empire Entertainment, кој се соочува со потешкотии откако гревовите од минатото се враќаат да го гонат во сегашноста. Луциус е свршен со Аника.
- Тараџи Пи. Хенсон во улогата на Куки Лајон, Луциовата бивша жена и мајката на неговите три сина која поминала 17 години во затвор заради дилерство со дрога.
- Траи Бајарс во улогата на Андрè Лајон, најстариот син на Луциус и Куки. Андрè е финансискиот директор на Empire Entertainment која боледува од биполарно растројство.
- Џуси Смолет во улогата на Џамал Лајон, "црната овца" во фамилијата и најталентираниот од трите синови. Џамал е хомосексуалец, и заради тоа е во несогласности со неговиот татко.
- Брашир Греј во улогата на Хаким Лајон, хип-хоп ѕвезда и најомилениот син на Луциус. Хаким е во одлична врска со брат му Џамал и чувствува омраза спрема Куки.