Прејди на содржината

Импактит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пример за импактит на Земјата

Импактит е карпа создадена или видоизменета со еден или повеќе удари од метеорит.[1][2] Импактитите се сметаат за метаморфни карпи, бидејќи нивните изворни материјали биле изменети од топлината и притисокот на ударот.[3] На Земјата, импактитите се составени првенствено од изменет копнен материјал, понекогаш со парчиња од оригиналниот метеорит.[3]

Создавање

[уреди | уреди извор]

Кога голем метеорит ќе удри во планета, може радикално да ги деформира карпите и реголитот во кој што удира. Топлината, притисокот и силината од ударот ги менуваат овие материјали во импактит.[3] За да се трансформира карпата ударот треба да биде многу силен за да може да се создаде потребната топлина и притисок. Затоа импактите ретко се создаваат.[3]

Како импактит се вбројуваат: со удар метаморфозирани карпи, стопеници (швабии) и мешавини од двете, како и седиментни карпи кои содржат значителни компоненти добиени од удар (записи од удар врз минерални зрна, тектити, аномални геохемиски записи итн.). Во јуни 2015 година, НАСА објави дека на планетата Марс е откриен стаклен импактит. Таквиот материјал може да содржи зачувани знаци на древниот живот — ако постоел.[4] Импактитите се класифицирани во три групи: видоизменети карпи, стопени карпи и импактни бречи.[2]

Видоизменети карпи

[уреди | уреди извор]

Тие се видоизменети од силината на ударот.

Стопени карпи

[уреди | уреди извор]

Кога метеор ќе удри на површината од планетата, ослободената енергија од ударот може да ги стопи карпите и почвата и тие стануваат течни. Потоа, течноста се лади и се создава стопена карпа.[2] Ако течноста набрзина се олади и се стврдне, се создава ударно стакло (стаклен импактит) пред атомите да имаат време да се наредат во кристална решетка. Стаклениот импактит може да биде темно кафеав, скоро црн и делумно проѕирен.[5] Понекогаш, оладената течност формира кристална структура. Во таков случај, резултатот ќе биде стопена карпа, но не и стаклен импактит.[2]

Импактни бречи

[уреди | уреди извор]

Импактните бречи се формира кога метеор ќе распарчи некоја карпа а потоа ќе ги зацементира распарчените делови во една целина. Некои бречи содржат стопени карпи.[3]

Примери на импактит

[уреди | уреди извор]
Алга кратерот на Марс е можно место на кое се зачувани знаци на поранешен живот, по откривањето на наслаги од стаклен импактит.[4]

Импактити се пронајдени во следниве ударни кратери:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Stöffler, D.; Grieve, R.A.F. (1994). „Classification and Nomenclature of Impact Metamorphic Rocks: A Proposal to the IUGS Subcommission on the Systematics of Metamorphic Rocks“. Lunar and Planetary Science Conference: 1347. Bibcode:1994LPI....25.1347S.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Schmid, Rolf; Fettes, Douglas; Harte, Ben; Davis, Eleutheria; Desmons, Jacqueline; Smulikowski, Witold; Sassi, Francesco; Brodie, Kate; Árkai, Péter (2007), Fettes, Douglas; Desmons, Jacqueline (уред.), „Classification and nomenclature scheme“, Metamorphic Rocks, Cambridge University Press: 3–110, doi:10.1017/cbo9780511628917.003, ISBN 978-0-511-62891-7
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Impactites: Impact Breccia, Tektites, Moldavites, Shattercones“. geology.com. Посетено на 2020-06-10.
  4. 4,0 4,1 Staff (8 June 2015). „PIA19673: Spectral Signals Indicating Impact Glass on Mars“. NASA. Посетено на 8 June 2015.
  5. Temming, Maria. „Exotic Glass Could Help Unravel Mysteries of Mars“. Посетено на 2015-06-15.
  6. Staff (8 June 2015). „PIA19673: Spectral Signals Indicating Impact Glass on Mars“. NASA. Посетено на 8 June 2015.Staff (8 June 2015). "PIA19673: Spectral Signals Indicating Impact Glass on Mars". NASA. Retrieved 8 June 2015.
  7. Meteor Crater Bomblets

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]