Имола (патека)

Патека Имола, Автодром Имола или Меѓународен автодром Енцо и Дино Ферари — патека што се користи за моторни трки, која се наоѓа во близина на италијанскиот град Имола, 40 километри источно од Болоња и 80 километри источно од фабриката на Ферари во Маранело.
Патеката е именувана по основачите на Ферари, Енцо и Дино Ферари, кој починал во 1950-тите. Пред сегашното име, патеката официјално била позната како „Автодром Дино Ферари “, сè до смртта на Енцо во 1988 година.
Гран при на Сан Марино се одржувал на оваа патека, како една од трките што влегле во календарот на натпреварите на Формула 1 (многу години, две трки од Формула 1 се одржувале во Италија секоја сезона, па затоа официјалните лица на Формула 1 одлучиле трката што се одржува на оваа патека да биде голема награда на Сан Марино, држава што граничи со Италија).
Имола, како што ја нарекуваат оваа патека познавачите и фановите на Формула 1, е една од ретките патеки каде што тркачките кругови се возат спротивно од стрелките на часовникот (вакви патеки се и патеките и во Бразил, Сингапур и Истанбул).
На 1 мај 1994 година, Ајртон Сена трагично го загубил животот на оваа патека во седмиот круг од трката, откако излета од патеката на кривината Тамбурело.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална веб-страницаАрхивирано на 18 мај 2011 г.