Прејди на содржината

Имериј (адмирал)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Имеријвизантиски владетел и адмирал од почетокот на X век, најмногу познат како водач на византиската морнарица за време на борбите со тогашните муслимански морнарици од тој период 900–912.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ништо не се знае за младоста на Имериј. Тој бил вујко на Зоја Карбонопсина, љубовница и подоцнежна сопруга на Лав VI (886–912), и неговата кариера е директна последица од оваа врска.

Првично протосекрет, Имериј бил назначен за водач на византиската флота во 904 година. Муслиманска флото под водство на Лав Триполски се упатила кон Цариград и ги натерале византијците да се повлечат кои во тој период биле под водство на друнгариј Евстатиј Аргир. Евстатиј бил заменет со Имериј, кој, сепак, не морал да се бори, бидејќи арапите се повлекле.[1] Двете флоти се судриле во близина на Тасос, но ввизантијците одлучиле да не се борат. Како резултат на оваа одлука, арапите биле во можност опсадат и ограбат Солун, вториот најголем град во Византија, и да се вратат дома без да бидат спречени.[2]

За време на славењето на празникот Св. Томас на 6 октомври 906 година, Имериј успеал да ја постигне својата прва победа над арапите,[3][4] и најверојтано во овој период тој се стекнал дромологофет. Следела уште една победа во 909 година, и следната година, поход на сириското крајбрежје: Латакија била ограбена, нејзината околу ограбена, биле заробени огромен број на луѓе, со минимални загуби.[3] Во овој период, Имериј исто така се упатил кон Кипар, кој со векови бил неутрално владение заедно со калифатот. Освојувањето на островот било за кус период,бидејќи во 911 или 912 гдина, Дамијан Тарсуски го нападнал Кипар. Евентуално, претходниот статус кво бил повторно воспоставен.[5]

Во меѓувреме, во есента во 911 година, Имериј се упатил повторно во нов обид да го заземе крит. Тој командувал со флота од 177 дромони со 43.000 луѓе,[5] и го опсадил главниот град, Чандакс. Опсадата траела шест месеци, кога пристигнале вести дека царот бил болен и на посмртна постела.Последователно, Имериј ја подигнал опсадата и се упатил кон главниот град. Сепак, како што флотата го заобиколувала Хиос, тие падбале во заседа на сарацените поставена од Лав Триполски и Дамијан Тарсуски (април 912):[4] византијците биле целосно уништени, и самиот Имериј едвај се спасил. По овој пораз и смртта на царот Лав, тој бил разрешен од новиот цар, Александар III (912–913), и бил прогонет во манастир, Каде починал по шест месеци.[4][6]

  1. Tougher 1997, стр. 153, 186.
  2. Tougher 1997, стр. 187.
  3. 3,0 3,1 Tougher 1997, стр. 191.
  4. 4,0 4,1 4,2 Kazhdan 1991, стр. 933.
  5. 5,0 5,1 Tougher 1997, стр. 192.
  6. Tougher 1997, стр. 231.
  • Kazhdan, Alexander Petrovich, уред. (1991). Oxford Dictionary of Byzantium. New York, New York and Oxford, United Kingdom: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6.
  • Tougher, Shaun (1997). The Reign of Leo VI (886-912): Politics and People. Leiden, The Netherlands: Brill. ISBN 978-90-04-10811-0.