Имам две мајки и двајца татковци (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Имам две мајки и двајца татковци (хрватски: Imam dvije mame i dva tate) - хрватски и југословенски филм од 1968 година, во режија на Крешо Голик, кој е автор и на сценариото, заедно со Мирјам Тушек, засновано врз неговата новела. Во главните улоги настапуваат: Мија Оремовиќ, Релја Башиќ, Фабијан Шоваговиќ, Вера Чукиќ, Игор Гало, Давор Радолфи, Томислав Жганец, Матеа Богдановиќ и Златко Каузлариќ. Директор на фотографијата е Ивица Рајковиќ, автор на музиката е Томислав Симовиќ, сценографијата е дело на Жељко Сенечиќ, монтажерка е Катја Маер, а продукцијата е на „ФРЗ Загреб“ и „Јадран Филм“. Режисерот Голик го снимил овој филм по пауза од 13 години, а за својата улога Мија Оремовиќ за освоила „Златната арена“ на филмскиот фестивал во Пула во категоријата за најдобра женска улога.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Еден маж (го игра Башиќ) и една жена (ја игра Оремовиќ) кои порано биле заедно, сега имаат нови бракови. Тој е оженет со убава и млада жена (ја игра Чукиќ), таа е омажена за постар музичар (го игра Шоваговиќ), а децата ги поделиле меѓу себе. Иако на прв поглед е сè во ред, сепак не е така. Децата не се развиваат онака како што би сакале родителите, а тоа се однесува особено на постариот син (го игра Гало) со кого таткото постојано се расправа. Поради тоа, поранешните сопружници се состануваат за да ги решат проблемите околу воспитувањето на децата. Ниту еден од нив во новите бракови не го пронашле она што им недостасувало во нивниот заеднички брак, но не можат да се вратат назад и животот продолжува понатаму...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]