Имаго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Со последното митарење на црвот се формира имаго со крилја

Во биологијата, имагото е последната фаза која инсектот jа има за време на неговата метаморфоза, процесот на раст и развој. Кога ќе истече времето за мирување на куклата, нејзината кошула (exuvia) прска и низ направениот отвор излегува совршен инсект-имаго

На пример, кога пеперутката излегува од кошулката, таа е влажна и мека, нејзините крилја се залепени и не може да лета.

Функцијата на имаго воглавно се сведува на размножување на видот. Имагото на некои видови умира по парењето, иако има и имаго на други видови кои живеат неколку години по парењето (на пр. бубачки). Меѓу инсектите најдолг живот имаат женките на социјалните инсекти; ( матица на домашни пчели до 5 години), (кралици на мравка до 12 години), (женски на термити до 15 години).

Трансформации на инсекти[уреди | уреди извор]

  • (ќе се развие без или со многу мала трансформација). Инсектите со оваа трансформација имаат примарна ларва. Тие се развиваат по принципот јајце - ларва - имаго.
  • (нецелосна метаморфоза). Се јавува кај инсекти кои имаат примарна или секундарна ларва, кои личат на својот имаго и кои со секое пресоблекување добиваат се повеќе имаго органи ( крилја, пипала, полови органи). Тие се развиваат на принципот на јајце - примарна ларва - имаго.
  • (целосна трансформација). Се јавува кај инсекти кои имаат терциерна ларва, која останува со нејзините привремени органи до крајот на нејзиниот развој и која е потполно различна од имагото. Се развиваат по принципот на јајце - терцијална ларва - кукла - имаго.
  • ( хиперметаморфоза )

Наводи[уреди | уреди извор]