Илјада и една ноќ (ТВ-серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плакатот на серијата

„Илјада и една ноќ“ (турски: Binbir Gece) е турска телевизиска серија произведена од страна на телевизискиот канал Канал Д од 2006 до 2009 година. Во главните улоги се Халит Ергенч, Бергузар Корел, Тарду Флордун и Џејда Дувенџи.

Серијата се емитувана и во Србија, Азербејџан, Кувајт, Романија, Бугарија и Македонија. Во Македонија е прикажана на А1 Телевизија и е синхронизирана на македонски јазик. И 2020 година на Телевизија Алфа.

Приказна[уреди | уреди извор]

Во серијата се зборува за Шехерезад Евлијаоглу која е талентирана архитектка и работи во голема компанија Бинјапи Холдинг за конструкции во сопственост на Онур Аксал и Керем Инџеоглу. Таа е мајка на младо момче кое страда од леукемија и му е потребна итна и многу скапа операција. Онур Аксал е успешен стопанственик. Тој имал лошо искуство со жените и затоа ги мрази. Откако ја запознава Шехерезад тој смета дека таа е поинаква. Благодарение на големата посветеност на работата од страна на Шехерезад, таа освојува престижна награда во архитектурата. Од друга страна, и Керем е вљубен во Шехерезад. Керем претставува најдобар пријател на Онур. Нивните заеднички интереси кон Шехерезад ќе доведат до големи кавги меѓу нив. Поради итната ситуација на нејзиниот син, Шехерезад е приморана што е можно поскоро да најде пари за операцијата. Само нејзиниот шеф, Онур, прифаќа да и позајми пари, но цената е една ноќ со него.

После таа ноќ, Онур станува потполно заљубен во Шехерезад и не може да прекине да мисли на неа. Тој закажува и деловно патување во Дубаи, со цел да биде сам со неа. За време на патувањето, Онур и дава повторно понуда за да спие со него, но овојпат за повеќе пари. Шехерезад ја одбива понудата и многу му се лути за тоа. Таа сфаќа дека нејзиниот шеф, Онур нема да заборави за тоа Што еднаш се случило меѓу нив и решава да побара нова работа далеку од него. Кога ќе сфати што направил, Онур длабоко се кае, и станува поприврзан за неа.

Согледувајќи дека не може да живее без неа, Онур ја бара Шехерезад за своја жена затоа што бил бесконечно заљубен, а таа прифаќа. Работите стануваат покомплицирани кога мајката на Онур не ја поддржува венчавката на Онур со Шехерезад, но потоа ќе се предомисли, гледајќи ја големата љубов меѓу Онур и Шехерезад.

Многу работи ќе се случат подоцна меѓу нив, како на пример бегството на Шехерезад од нејзината венчавка со Онур поради Жале која ја убедила Шехерезад дека Онур не сака навистина да се жени со неа, туку тоа претставува само уште еден "валкан предлог" на Онур како тој за ноќта што ја поминале заедно. Тоа ќе ја принуди Шехерезад да го остави Онур. Шехерезад во меѓувреме ќе дознае дека Онур има ќерка од негоата поранешна девојка што исто така ќе ја искомплицира ситуацијата.

Во третата сезона, Керем ќе ја обелодени вистината дека Шехерезад и Онур спиеле заедно што ќе ги донесе до развод. На крајот од сезоната тие ќе се венчаат и ќе живеат заедно и среќно засекогаш.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец/глумица Улога
Халит Ергенч Онур Аксал
Бергузар Корел Шехрезад Евлијаоглу
Тарду Флордун Керем Инџеоглу
Џејда Дувенџи Бену Атаман
Томрис Инџер Надиде Евлијаоглу
Мерал Четинкаја Фериде Аксал
Метин Чекмез Бурхан Евлијаоглу
Ергун Демир Али Кемал Евлијаоглу
Јонџа Џевхер Јенел Фусун Евлијаоглу
Јелиз Акаја Мелек Атаман
Ефе Чунар Каан Евлијаоглу
Мерт Фират Бурак Инџеоглу
Бару Кучукчаѓјалан Гани
Мерих Ермакстар Мерт
Џанан Ергудер Еда
Мелaхат Абасова Михрибан
Фејзан Чапа Букет Евлијаоглу/1 и 2 сезона
Гизем Ѓунез Букет Евлијаоглу/3 сезона
Сенур Ногајлар Фирденс
Ебру Ајкач Јасемин
Севда Актолга Нурхајат
Ајтач Јузтуна Севал