Илјада деветстотини осумдесет и четврта (филм од 1984)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Илјада деветстотини осумдесет и четврта“ (1984) — американски филм од 1984 година, во режија на Мајкл Радфорд (Michael Radford), кој е автор и на сценариото, засновано врз истоимениот роман на Џорџ Орвел. Главните улоги ги играат: Џон Харт (John Hurt), Ричард Бартон (Richard Burton), Сузана Хамилтон (Suzanna Hamilton) и Сирил Кјузак (Cyril Cusack). Филмот бил номиниран за наградата БАФТА во категоријата за најдобра сценографија, а освоил и две награди Evening Standard British Film Awards (за најдобар филм и најдобар глумец). Инаку, ова е последниот филм во кој глумел Ричард Бартон.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Винстон Смит (го игра Харт) е државен службеник од Лондон, кој се наоѓа под власта на тоталитарната држава Океанија. Тој се труди да го сочува здравиот разум во услови кога режимот настојува да ги потисне индивидуализмот и личниот живот...

Наводи[уреди | уреди извор]