Илуминации (песни)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Илуминации е збирка лирски призни песни на Артур Рембо од 1874 година, каде се забележуваат голем број алузии кон неговиот voyant (визионерски) период, кој започнува во 1869 година; но Илуминациите не се ниту признание ниту каење. Четириесетината кратки прозни песни и можеби првите две песни во слободен стих на француски јазик жанровски се неодредливи и се издигнуваат над сите граматички правила преку чудесната употреба на зборовите, кои многу често знаат да ги избегнат речничките дефиниции. Елузивни, бунтовни и преплавени со брановидни каденци, Илуминациите ги надминуваат песните од Престој во Пеколот исто како што оние од Престојот во Пеколот ја надминуваат првичната Рембоова поезија. Некои критичари на делото на Рембо сметаат дека дел од песните во Илуминациите го означуваат конечното збогување на Рембо со литературата.

Илуминациите содржат толку деликатни симболи и алузии што со секое ново читање нудат нов начин на восприемање и можност нешто ново да се сфати. Постои необјаслива привлечност во нивниот непровиден импресионизам и совршен ритам. Во ниту еден момент песните не престануваат да бидат еден боженствен спектакл и дури и нивните најсветовни пасажи се исполнети со еден невиден тип на супер-реалност.

Сепак, за разлика од слободниот стих, лирската прозна поезија безмалку почнува и завршува да постои со ликот и делото на Артур Рембо. Митот за неговата генијалност ќе се изгради токму околу Илуминациите - иако сѐ уште тинејџер, со овие четириесет песни тој го забарикадира своето место на врвот на светската оригинална поезија - прв користи слободен стих, ја воспоставува и истовремено усовршува лирската проза, го збогатува речникот со доста нови зборови и ги разноврснува ритмите застапени во француската поезија; сѐ на сѐ, со Илуминациите Рембо и дефинитивно станува најуникатна појава во светската литература.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Артур Рембо
Дела: PoésiesLe bateau ivreLes illuminationsUne Saison en EnferПисма
Луѓе: Шарл БодлерЖорж ИзамбарЖермен НувоПол Верлен
Друго: СимболизамНадреализампроколнати поетиL'Enfant TerribleÉpater la bourgeoisieРембо и модерната култура