Илка Василеска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илка Василеска
Родена Илка Богоева
2 февруари 1923
Прилеп, Кралство Југославија
Починала 7 јули 1944(1944-07-07) (возр. 21)
Никифорово, Македонија Македонија
Националност Македонка
Занимање шивачка, комунистички деец и организатор на НОБ

Илка Василеска (моминско: Богоева; 2 февруари 1923 во Прилеп7 јули 1944 во Никифорово) — македонска шивачка, комунистички деец и организатор на НОБ.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Псевдонимот на Илка бил Божана. Илка била член на месното КУД „Коста Абрашевиќ“ (1940 година).[1] Истата година е учесник на познатите „Илинденски демонстрации“ во Прилеп. Станала член на КПЈ во 1941 година и член на МК на КПЈ во Прилеп во март 1942 година. По апсењето од бугарската полиција (мај 1942), поради недостиг на докази, била ослободена. По повторното апсење на 10 септември 1942 година, била интернирана на шест месеци во Бугарија (до мај 1943 година), а по враќањето се приклучила во единиците на НОВ и ПОМ. Од септември 1943 година станала инструкторка во првиот областен комитет на КПМ. Во тоа својство илегално престојувала во Кичево и Гостивар.[3][4] Извесно време работела во Партизанската печатница „Гоце Делчев“, а потоа била член и инструктор на Првиот областен комитет на КПМ, посебно во подрачјето на Гостивар и Гостиварско.[1]

Смрт[уреди | уреди извор]

Враќајќи се од состанок на Првиот областен комитет на КПМ од базата во Кременчук, наишла на балистичка заседа, и за да не биде заробена, се самоубила.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Василевски“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 246. Text "series " ignored (help)
  2. „ВАСИЛЕСКА, Илка Богоева - Македонска Енциклопедија“. 2021-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-11-19. Посетено на 2021-11-19.
  3. 3,0 3,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 97. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  4. 4,0 4,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 54. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Последниот рафал на Илка Присаѓанка“, „Просветена жена“, Скопје, октомври 1963, 11;
  • Нуфре Јовановски, „Активноста на Илка Василеска-Присаѓанка-Божана во Гостиварско, Мавровско и Кичевскиот регион“, Прилеп и Прилепско во НОВ 1943 година, кн. втора, Скопје, 1981, 95-106. С. Мл.