Илија Чопев
| Илија Чопев | ||
| Роден | Оштава | |
|---|---|---|
| Починал | 1948 година | |
| Народност | Македонец | |
Илија Чопев (Роден во Оштава — 1948 , Пиринска Македонија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во НР Бугарија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Важел за најверниот и предан јатак на илегалната чета на Герасим Тодоров. За време на блокадата тој е предаден од поп Григор и Стефан Глигов, двајцата од селото Оштава. При апсењето Чопев направил безуспешен обид да ја активира рачната граната со цел да се убие себе си и милицискиот кордон.[1]
За време на неговиот престој во затворот, го посетила неговата сопруга, по средбата изгледал кревко и изгубено. Причината била што таа го известила дека агент на бугарската државна безбедност, циганот Керим, ја силувал нивната 16-годишна ќерка. Освен неа, овој агент силувал уште две девојки од селото Оштава.[2]
Неговата пресуда гласела:[3]
| „ | Во име на народот и НР Бугарија судот одлучува:
Илија Чопев од село Оштава, поранешен член на ВМРО, разбојник осуден на смрт со бесење, одземање на граѓански и политички права, конфискации и парична казна. |
“ |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 12.
- ↑ Монев, Крум (1998). Македонија мојата потпора Том I. Ирин Пирин маркет. стр. 282. ISBN 978-9989-9953-0-9.
- ↑ Монев, Крум (1998). Македонија мојата потпора Том I. Ирин Пирин маркет. стр. 264. ISBN 978-9989-9953-0-9.