Илија Чавкаловски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Илија Чавкаловски (Долно Перово, ресенско, 17 јуни 1941) — македонски градежник и експерт од областа на Преспанското Езеро.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Чавкаловски е роден е на 17 јуни 1941 во Долно Перово, Општина Ресен. Основно четиригодишно училиште завршил во родното село, а од 5-то до 8-мо одделение во осмолетката „Браќа Миладиновци” во с.Царев Двор. Средно техничко училиште архитектонско-градежен отсек завршил во Скопје во учебната 1959-60 година. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје 1966 година. Од 1966 година до пензионирањето во 2001 година работел во градежната служба на поранешната ЈНА и во градежната служба на АРМ. Постдипломиски по просторно планирање завршил на природно-математичкиот факултет во Скопје, Институт по Географија во 1995 година. Магистерска тема му била “Промените на нивото на водата во преспанското езеро и нивното влијание на планирањето на крајбрежниот простор”. Со истражувањето на преспанската котлина започнал во 1983 година по потреба на работните задачи.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Ги издал следните трудови:

  • “Преспанско Езеро-Осцилации на нивото на водата” 1997 година-Скопје и
  • “Преспа” 2001-Скопје.

Подготвен му е ракопис од истражувањата за населбите во преспанската котлина од 1568/69 до 2009 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цевтаноски, Виктор (20 февруари 2008). „Катастрофата на Преспанско Езеро ќе го загрози Охридско“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2009-01-09. Посетено на 2009-11-14.