Илија Топаловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Илија Топаловски - Аврам (Битола, 4 април 1922Белград, 28 април 1999)[1] бил македонски комунист, учесник во НОВ на Македонија и амбасадор. Носител е на „Партизанска споменица 1941“.

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил гимназија и Институт за општествени науки во Белград. Уште како младинец Топаловски се вклучил во комунистичкото движење. По окупацијата на Македонија во 1941 година се вклучил на народно-ослободителната борба. Во 1942 година, поради илегална комунистичка и антифашистичка дејност, во Битола бил осуден во отсуство на петнаесет години затвор. Илегално дејствувал на територијата под окупација на Италија, каде што се вклучил во единиците на НОВ. Во 1943 година бил политички комесар на Вториот партизански одред на Првата оперативна зона. Бил политички комесар на чета и вршел политички функции во Првата македонско-косовска бригада. Бил началник на одделението на Главниот штаб на НОВ и ПОМ за пропаганда и уредник на органот на Главниот штаб - весникот „Народен војник“. Бил делегат на АСНОМ.[2]

По Ослободувањето, на Првиот конгрес на КПМ е избран за кандидат член на ЦК КПМ, а потоа и за член на ЦК КПМ. Бил директор и одговорен уредник на „Нова Македонија“ и прв директор на Радио Скопје, а потоа целиот работен век го поминал на служба во југословенската дипломатија. Бил амбасадор во Тунис (1958 – 1960), Гвинеја (1960 – 1963), Норвешка (1967 – 1970), Индија (1973 – 1977) и Јапонија (1982 – 1986). На 25 јуни 1963 е избран за претседател на Просветно-културниот собор на Собранието на СРМ.[3] Бил и помошник секретар за надворешни работи на Југославија.

Во 1989 година е избран за прв претседател на тогаш-формираното Друштво за југословенско-јапонско пријателство.[4]

На 2 ноември 1971 година доживува сообраќајна несреќа кај Ниш, во која загинуваат неговата сестра и мајка.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. RTS: Vremeplov (28. april 2013)
  2. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1495 стр.
  3. „Нова Македонија“, 26 јуни 1963.
  4. Japanorama
  5. „Нова Македонија“, 4 ноември 1971.

Извори[уреди | уреди извор]

  • „Личности од Македонија“, Ми-Ан, Скопје, 2002, 318.
  • „Зборник докумената и података о НОР-у“, т. 7, кн. 1, док. 95, 325-326.
  • Марјан Димитријевски, „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, 1999, 37.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]