Илија Тодоровски (партизан)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Илија Петков Тодоровски ( 1926 во Оризари (Скопје)1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која заминал на Косово каде учествувал во акциите за ликвидирање на балистичките банди. Потоа заминал за Срем, каде претходно завршил обука за ракување со новоприменото оружје. Со Бригадата учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Загинал во битката за ослободување на Банова Јаруга.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 145–146. На |first= му недостасува |last= (help)