Илија Секулоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илија Секулоски
Роден 1920 година
Долно Добреноец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал февруари, 1944 година
Лисичани, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Илија Трајанов Секулоски ( 1920во Долно Добреноец, Кичевско1944во Лисичани, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Бидејќи немал можност да се школува, се занимавал со земјоделие. Како младинец се приклучил во воспитните групи во селото, а со доаѓањето на Кичевско-мавровскиот партизански одред во нивното село, Илија стапил во Одредот. Учествувал во повеќе акции на Одредот, а со формирање на Првата македонско-косовска бригада станал нејзин борец. Со бригадата заминал за Егејска Македонија во познатиот Февруарски поход. По борбите кај Богомила, со отцепениот дел од Бригадата, со групата на Тихомир Шарески, тргнал на пат за Копачка и Дебрца, но останал покосен од белата смрт на гребенот над селото Лисичани, Кичевско во февруари 1944 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 108.