Илија Пиперкоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Илија Пиперкоски (4 април 1985 во Охрид) — македонски филмски режисер, сценарист, продуцент, професор за сценарио, режија и ПР.


Пиперкоски е автор на енциклопедија за филм, како и книги, есеи и уметнички перформанси, чии дела имаат повеќе фестивалски проекции, вклучувајќи ги : Битола, Струмица и Скопје-Македонија, Биертан -Романија, Бугарија, Тел Авив -Израел, Пекинг -Кина, Букурешт -Романија, Болзано -Италија, Германија итн. Предава на Универзитет за театар и филм „I.L.Caragiale“ во Букурешт, Романија. На институтот за комуникациски студии е ангажиран како стручњак од практиката во областа на мултимедијалната продукција и социјалните медиуми. Тој е сопственик на продукциската куќа „Pandora`s box“ и обучувач за видео продукција и пишување на сценарија.[1] Од октомври, 2017 година работи во Општина Охрид во секторот за поддршка на Градоначалникот како шеф на кабинет.


Биографија[уреди | уреди извор]

Илија Пиперкоски бил роден во Охрид, Македонија, на 4 април 1985 година. Своето основно образование го завршил во ОУ. „Григор Прличев“ во својот роден град, како и средно образование во УСО. „Св.Климент Охридски“ (познато како Охридска гимназија).

  • 2005-2009 година - дипломирал на Универзитетот за театар и кино ( Bachelor at University for Theatre and Cinema) I.L.Caragiale - Букурешт, Романија;
  • 2010-2012 година- магистрирал на Универзитетот за театар и кино ( Bachelor at University for Theatre and Cinema) I.L.Caragiale - Букурешт, Романија;
  • 2012-2015 година - станал доктор на науки на Универзитетот за театар и кино ( Bachelor at University for Theatre and Cinema) I.L.Caragiale - Букурешт, Романија;

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Илија Пиперкоски бил режисер на играниот филм „Дедо и внук“ (2018).[2]

Документарен филм[уреди | уреди извор]

  • Режирал документарни филмови, од кои едниот е „Охрид, град на светлината“ (2017)во пет епизоди. Подоцна ги снимил и „Ѓорче Петров“ (2018) и „Методи Патчев“ на кои бил и режисер и сценарист. Во 2015 година го режирал долгиот документарен филм „Последниот Македонец од Македонија“ (2015, „The Last Macedonian - The road to extinction”). Низ 2013 година снимил пет документарни филма, на кои им бил сценарист и режисер, и тоа: „Тиквешко востание“ („Tikves Rebelion”), „Охридско востание“ („Ohrid Rebelion”), „Христо Матов“ („Hristo Matov“), „Петар Шанданов“ („Petar Shandanov“) и „Пере Тошев“ („Pere Toshev“). Во 2010 година бил режисер и сценограф на филмот „Прочистување на душата“ („Purification of the soul“), а во 2007 година сценарист, режисер и продуцент на филмот „Јас и мојот живот без некои работи“ („Me and my life without some things“).

Краток филм[уреди | уреди извор]

  • Режирал краткометражни филмови, а еден од нив е „Матасари“ (2011, „Matasari”) [3] . Со овој филм се претставил на еден од најпрестижните филмски фестивали, фестивалот „Next Film“ во Букурешт.[4] Во 2014 година го создал филмот „Краткиот пат за далеку“ („The short way, to far away”) на кој бил и сценарист и режисер. Пиперкоски се поставил во улога на режисер и сценарист и за филмот „Супер момче“ (2013, „SuperBoy”). [5]
  • Режирал една ТВ емисија
  • Илија Пиперкоски бил помошник-директор на повеќе од дваесет играни филма.[6]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Илија Пиперкоски бил актер во филмот „Нешто добро во животот“ („Ceva Bun de la Viata“ ,2011), каде го играл ликот Илија (Ilie). Во 2017 година бил асистент на режисерот за краткометражниот филм „Допир“ (Dopir Aka Touch), додека пак во 2015 година бил помошник- режисер на режисерот Стојан Вујичиќ за краткиот филм „Брат за еден ден“ („Brother for a day”). Истата, 2015 година, бил помошник-режисер на режисерот Дарко Митревски за филмот „Трето полувреме“ („Third half“). Подоцна, во 2017 година бил и продуцент на документарниот серијал за Охрид, „Охрид: град на светлината“ („Ohrid: City of Light“). Во 2018 година го напишал сценариото за филмот „Дедо и внук“ („Grandfather and Grandson“).[7]

Фестивали[уреди | уреди извор]

  • Со филмот „Последниот Македонец од Македонија“ („The Last Macedonian - The road to extinction“) во 2015 година настапил на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола (Manaki Brothers Film Festival- Bitola)
  • Со филмот „Матасари“ („Matasari“) настапил на повеќе фестивали и тоа во 2012 година на:
    • Филмски Фестивал „Тимисорт“ во Романија (Timishort Film Festival Romania);
    • Филмски Фестивал „Полна месечина“Биертан, Романија („Full Moon-Horror & Fantasy Film Festival - Biertan, Romania);
    • Филмски Фестивал „Тимисорт“ во Романија( Timishort film festival- Romania);
    • интернационален Филмски Фестивал „IN THE PALACE“ во Бугарија (International Short Film Festival -Bulgaria);
    • интернационален Филмски Фестивал „Тел Авив“ во Израел (Tel Aviv International Film Festival- Tel Aviv, Israel );
    • интернационален Филмски Фестивал „Пекинг“ во Кина (Beijing International Film Festival- Beijing, China);
    • Филмски Фестивал „Следен Филмски Фестивал“ во Букурешт, Романија (Next Film Festival, Bucharest, Romania);
    • Филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола, Македонија (Manaki Brothers Film Festival- Bitola, Macedonia);
    • Филмски фестивал „Cinedays“ во Скопје, Македонија (Cinedays-Skopje,Macedonia);
  • Со филмот „Јас и мојот живот без некои работи“ („Me and my life without some things’) настапил на:

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • Во 2009 година освоил второ место за сценарио на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола;
  • Во 2012 година со филмот „Матасари“ бил првонаграден на филмскиот фестивал „Timishort“ во Матасари, Романија;[8]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Институт за комуникациски студии
  2. Режисерот Илија Пиперкоски во Охрид го почна снимањето на својот прв игран филм
  3. Илија Пиперкоски- Агенција за иселеништво на Република Македонија
  4. „Matasari“ на Илија Пиперкоски на фестивал во Романија
  5. Мојот живот, мојот свет
  6. IMDb
  7. IMDb
  8. Институт за комуникациски студии