Илија Михајлов (партизан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илија Михајлов
Роден 1926 година
Раштак, Скопско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 15 април, 1945 година
Будровци, Хрватска
Почивалиште Раштак, Скопско, Македонија
Националност Македонец

Илија Петрушев Михајлов ( 1926во Раштак, Скопско5 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а потоа работел како општ работник. Во септември 1944 година стапил во Шеснасеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во борбите против балистите и во акциите против Германците во Качаничка Клисура. Потоа ја продолжил борбата до конечното ликвидирање на балистичките банди на Косово. Со Бригадата учествувал и во завршните операции за ослободување на Југославија. На 15 април 1945 година во големата битка за ослободување на Будровци, храбро загинал заедно со многумина македонски партизани, меѓу кои ѝ Софре Марковски. Посмртните останки му биле пренесени и закопани на гробиштата во неговото родно село Раштак.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 95. На |first= му недостасува |last= (help)