Илија Џонов
Илија Џонов | ||
Роден | Илија Борисов Џонов 24 ноември 1943 Штип, Македонија под окупација | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | невропсихијатар, универзитетски професор | |
Татко | Борис Џонов |
Илија Џонов (р. 24 ноември 1943 во Штип) — македонски невропсихијатар, редовен професор, директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а потоа во Скопје дипломирал на Медицинскиот факултет во 1967 година, додека специјалистички испит положил во 1973 година. Докторирал во Белград во 1982 година од областа на невромускулните болести.
Во декември 1969 година се вработил во Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје. За асистент бил избран во 1977 година, за доцент во 1986 година, а за редовен професор во 1996 година. Бил директор на Нервната клиника (1987-1988), продекан (1988-1990) и декан на Медицинскиот факултет во Скопје (1990-1994), како и директор на Клиничкиот центар (1997-1999).
Основач е на Лабораторијата за хистолошки испитувања на мускулната биопсија во 1978 година. Воведува современ дијагностички и терапевтски пристап кај невромускулните болести. Создава Одделение за неврологија во развојната возраст.
Објавил 107 научни и стручни трудови и реализирал научен проект за невромускулните болести во Македонија (1984-1988).
Добитник е на наградата на град Скопје „13 Ноември“ во 2010 година.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џудото“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1641. Text "series " ignored (help)
- ↑ 2,0 2,1 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. 93-96