Илија Јованов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Илија Трипков Јованов (24 мај 1924 во Страцин, Кратовско16 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнува од сиромашно земјоделско семејство, поради што родителите му биле принудени да бараат егзистенција во Куманово. По завршувањето на четиригодишното основно училиште, почнува да работи како аргат по туѓи имоти ѝ уште како дете ја почувствувал тежината на животот. По ослободувањето на Куманово, стапил во редовите на Треттата македонска ударна бригада - втора чета во вториот баталјон. Земал учество во борбите за ослободување на Бујановац, Прешево и други места. На Сремскиот фронт бил во извидничка единица во која успешно ги извршувал поставените задачи. После една таква извидничка акција, на враќање во својата единица заедно со уште еден соборец, нагазил на мина поставена од непријателот, по што починал на самото место на 16 април 1945 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 38.