Илијас-бегова џамија

Координати: 37°31′35″N 27°16′39″E / 37.52639° СГШ; 27.27750° ИГД / 37.52639; 27.27750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Илијас-бегова џамија
İlyas Bey Camii
Надворешноста на џамијата.
Основни податоци
МестоМилет кај Соке Ајдин, Турција
Припадностислам
Мреж. местоmiletilyasbey.com
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилселџучка архитектура
Завршен1403
Особености
Пречник на куполата (внат.)14 м
Материјаликамен, мермер тула

Илијас-бегова џамија (турски: İlyas Bey Camii) — историска џамија во Милет кај градот Соке во покраината Ајдин, западна Турција. Изградена е во 1403 г. по порачка на Илијас-бег (1402–1421), владетел на бејликот Ментеше. Денес е напуштена и претставува споменик на културата.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Џамијата е дел од комплес во чиј состав има медреса и амам.

Молитвената сала е покриена со кубе со пречник од 14 м, сместено на осумаголна основа и изработено од поплочени тули. Минарето од тули се срушило во земјотресот од 1955 г. Зградите се наоѓаат во рамките на археолошкото наоѓалиште на древниот град Милет. До комплексот се најдени остатоци од вила со бања од византиско време.

Во 2012 г. комплесот на Илијас-беговата џамија е награден со културнонаследната награда „Европа ностра“ на ЕУ .

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


37°31′35″N 27°16′39″E / 37.52639° СГШ; 27.27750° ИГД / 37.52639; 27.27750