Илирско лутиче
Изглед
| Илирско лутиче | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Лутиковидни |
| Семејство: | Лутичиња |
| Род: | Лутиче |
| Вид: | Илирско лутиче |
| Научен назив | |
| Ranunculus illyricus L. | |
Илирско лутиче (науч. Ranunculus illyricus) е заштитено растение во Унгарија од семејството лутичиња.[1] Оваа повеќегодишна билка може да се најде на пасишта и тревни површини и обично е 15 до 30 см висока.
Опис
[уреди | уреди извор]Има бели влакна. Стеблата и листовите се трикомпозитни, а цветните ливчиња се жолти и заоблени. Цвета во мај и јуни. Цветната дршка е круглеста, а цветовите се 20-30 мм во пречник.
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија расте по суви каменливи места во појасот на дабовите шуми. Широко распространето растение е, и се среќава во Скопско, Прилепско, Велешко, Овчеполско, Кочанско, Штипско, Неготинско, Крушевско, Дебарско, Дојранско, Таорска Клисура, клисурата на Тополка, и на други места.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ranunculus illyricus - UNIVERSITY BOTANIC GARDENS LJUBLJANA“. Botanic-gardens-ljubljana.com. Посетено на 2014-03-20.
- ↑ Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 133, МАНУ, Скопје, 1985
|