Прејди на содржината

Илинка Јовановска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Илинка Митева Јовановска ( 1924 во Никифорово — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Летото 1942 година станала член на младинска воспитна група, а кон крајот на истата година и член на СКОЈ. Била активна во заднината на селото до неговото палење, а потоа се преселила да живее во Гостивар каде активно работела вo заднината на НОД.[1]

  1. 1 2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1084–1085.