Илинденска пензија
| Илинденска пензија | |
|---|---|
| Закон на илинденска пензија | |
| Податоци за органот | |
| Основан | 27 јули, 1946 |
| Укинат | јули, 1956 |
| Надлежност | СР Македонија |
| Седиште | Скопје, СР Македонија |
| Вработени | Алексо Мартулков Наум Наумовски Епаминонда Поп Андонов |
Илинденска пензија — орган во Социјалистичка Република Македонија формирана со цел да доделува пензија кон учесници во македонското национално движење меѓу 1893 година до 1908 година. Законот бил предложен и примен во македонското собрание на 27 јули 1946, објавено во државниот весник на 30 јули. Органот имало три члена, по закон еден од нив требало да биде учесник во Илинденското востание или во македонското револуционерно движење, за тоа тие го одбрале истакнатиот велешки социјалист и политичар Александар Мартулков
Структура
[уреди | уреди извор]Илинденската пензија доделувала пензија на тие кои биле активни во револуционерното движење меѓу 1893 година до 1908 година. Илинденската пензија по структура и функција е слична со Народната пензија, орган во Царството Бугарија со цел да доделува пензија на илинденци кои ја подржувале тогашната бугарска фашистичка окупаторска власт. Законот бил во функција меѓу 1943 и 1944 година, прекинал после народното ослободување на Македонија.
Комисијата кои ги доделува илинденските пензии е составена од три личности, според третиот член на законот — еден од трите личности мора да биде учесник во Илинденското востание. Според вториот член на законот, објавен во државниот весник, еден од следните услови требало да бидат исполнети за да се добило пензијата:
- Морал да биде организатор или раководител во македонското национално движење.
- Со оружје на рака морал да учествува во битка за македонското национално движење.
- Членови на МРО кои извршиле специјални функции за организацијата по наредба од главните раководители.
- Ако не бил член на МРО, барем да не ја пријавил организацијата кон турската власт.[1]
Пензијата можеле да го примат само тие кои биле во неповолна економска состојба. Според петиот член на закон ако еден од следните услови биле исполнети, илинденецот немал право да аплицира за пензија
- Илинденците кои останале неверни кон националната борба.
- Илинденците кои при државна осуда изгубиле граѓански права.
- Илинденците кои се лишени од активно и пасивно изборно право.
- Илинденците кои се бореле за бугарските фашистички окупатори.
- Илинденците кои соработувале со фашистичката власт.[2]
- Илиденците кои не се граѓани на СФРЈ.[1]
Месечната пензија можела да биде меѓу 1.000 и 4.000 југословенски динари, целосно зависило од комитетот и колкаво учество илинденецот имал во националното движење. Според шестиот член условите за губењето на илинденската пензија биле лабави, единствен начин илинденец можел да си ја изгуби привлегијата е преку осуда или преку смрт. Тие кои аплицирале морале да пратат писмо кај одборот при Президиумот на НАРСНРМ. Во писмото требало да наведат кус животопис, учество во националното движење, со кого соработувале (ако соработувале со некои воопшто), дали биле уапсани поради нивните дејства и морале да наведат сведоци за нивните активност.[1]
Ако имало случај каде првата молба им била одбиена но тие сѐ уште сакале да ја примат пензијата тогаш морале да пратат поплака до министерот за економија и финансии во следните три месеца. Кога ќе почине носителот на пензијата тогаш за првите два месеца ќе го прими неговото семејство пред да е целосно прекинато. Пензијата не можела да се прими во странство без одобрување од министерот за економија.[1]
Белешка од Мартулков
[уреди | уреди извор]| „ | Не остана глува Народната власт на Народна Република Македонија према старите борци на Илинденското востание. Таа го цени достојанството на борците и ги потпомогнуе правилно оние кои испаднаа во тешко материално положение. Пензиите се даваат на Илинденците поради нивното участие во борбата и положенито во таа борба. Но при давањето на тие пензии треба да се води сметка за нивното минато и за нивниот сегашен однос кон македонската држава. На тие кој отстапиле од линијата на истинското револуционерно движење и станале непријатели на нашиот народ не ќе се даваат овие пензии затоа што не ги заслужиле. Законот за пензии на Илинденците ќе одигра голема ролја во борбата против нашите непријатели во денешниот момент. Јас апелирам на Илинденците кои ќе бидат пензионирани да и понатаму служат со сите сили на нашето дело да работат за обединението на нашата татковина во нејзините географски и етнографски граници и да се за тој идеал борат исто така како се бореа во времето на Илинденското востание. Патот на Македонија е определен, а тој е обединение на сите делови на Македонија во рамките на Титова Југославија. Овој пат е најрационалниот и најрадикалниот по кој треба да врвиме и ние од него нема да направиме никаков отклон и секој кој ќе ни пречи ќе биде уништен. | “ |
Список на добитници
[уреди | уреди извор]
Истакнати дејци
[уреди | уреди извор]Други
[уреди | уреди извор]Литературни дела
[уреди | уреди извор]- Дамјановска, Јасминка (2016). Илинденски сведоштва. 1. Државен архив на Република Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Фотев, Богоја (30 јули 1946). „Закон за илинденските пензии“ (PDF). Службен весник на Народна Република Македонија.
- ↑ Во законот имало исклучок на ова правило дека ако соработувале со власта но после се приклучиле во народното ослободително движење тие сѐ уште можеле да ја примат пензијата.
- ↑ Дамјановска 2016, стр. 10.
- 1 2 Носители на Илинденската споменица автоматски имале право да примат илинденска пензија
- ↑ Дамјановска 2016, стр. XXIX.
- ↑ Крсте Гермов бил критикуван од други Илинденци кои аплицирале за пензија поради големата сума кој ја добил. Според самите правила можело само до 4.000 југословенски динари месечно, но Гермов примил 8.000.
- ↑ АМН (12 септември 2022). „140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм“. Australian Macedonian Weekly & Today. Архивирано од изворникот на 2025-02-26. Посетено на 2025-02-20.
- ↑ Дамјановска 2016, стр. 583.
- ↑ Дамјановска 2016, стр. 775.
- ↑ Дамјановска 2016, стр. 640.