Прејди на содржината

Икебана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Икебана во стилот на Морибана употребувајќи (индиски) лотус (Nelumba nucifera). Вазната зазема минималистички дел од изложбата.

Икебана (јапонски: 生け花 или いけばな, буквално „живи цвеќиња“) е традиционална јапонска вештина за декоративен аранжман на цвеќе. Бидејќи јапонците се близу, дури и религиозно, поврзани со природата, тие ја користат икебаната како медиум за изразување на нивните чувства кон Камисама (Бога) - види „шинтоизам“. Изгледот на една икебана може да изгледа прилично едноставна, но секоја гранка, лист итн. има причина за својата позиција.

Првото школо за икебана, (Икенобоо), започнало во 15 век. Ова време исто така е важно за јапонската чајна церемонија (садоо). Во старите времиња само мажи имале право да вршат вакви аранжмани.

Гранките во икебаната се виткаат и контролираат според методот тамеру. Икебаната типично се поставува во посебен мал простор од дневната соба, токонома. Постојат и изложби кои висат на ѕид, или на таван.

Икебанскиот уметник има право да расположува со било кои вид на цвеќиња и растенија. Но, во икебаната има некои сезонски традиции кога, на пример, се употребува бор за новогодишните празници и хризантема за есенската рамнодневница на 23 септември.

Во последно време икебаната сѐ повеќе се модернизира. Новите школи користат материјал како метал, пластика, хартија и разни камења.

Четирите главни стилови на икебана

[уреди | уреди извор]
  • Рикка - користи округлест дизајн или полуокруглест дизајн за создавање природен ефект.
  • Сеика - ја користи природната геометрија на цвеќето без големи промени со резултат на асиметрична убавина, каде што цвеќињата се организирани во форма на триаголник означувајќи го рајот, земјата и човекот.
  • Нагеире - Цвеќињата и зеленилото се ставаат во длабоки вазни на природен и едноставен начин. Се смета дека ваков минималистички ефект е највпечатлив.
  • Морибана - Овој стил користи плитки и широки вазни полни со цвеќе. Ова е најпопуларниот денешен стил, како во источниот, исто така и во западниот свет.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Јошијуки Араисо и Џин Мур, 1994, Јапонско-англискиот разговорен речник за Јапонија, Обунша. ISBN 4-01-075023-5