Прејди на содржината

Изотермички вагон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Изотермички вагон за пренос на банани

Изотермички вагон — затворен товарен вагон наменет за превоз на расиплива стока. За да се намалат топлинските загуби, каросеријата на изотермичкиот вагон е опремена со топлинска изолација од полистирен, полиуретанска пена и други материјали, а има и приспособувања за разумно поставување на товарот. За одржување на постојана и рамномерна температура на воздухот, изотермичкиот вагон може да има уреди за ладење и греење, како и системи за принудна циркулација на воздухот и вентилација на товарниот простор.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првите вагони биле ладени со мраз, кој бил сечен во зима од посебни базени или езера. Густавус Свифт успеал во зимата 1877 г. за првпат да развие ефикасен систем за ладење на железнички вагони за компаниите и производителите на месо од Чикаго. Тој го циркулирал воздухот низ мразот, а потоа низ целиот вагон за да го разлади. Овој систем бил основата на успехот на Union Stock Yard, кланиците во Чикаго. Оладените вагони овозможиле за првпат да се пренесе месото од закланите животни низ целиот САД.[1]

Подоцна, се користел вештачки мраз, но тој брзо бил заменет со други средства за ладење; наједноставното било замената на обичниот (воден) мраз со сув мраз. Со зголемувањето на доверливоста на моторите со внатрешно согорување, се појавиле изотермички вагони со моторен погон. Постојат дури и вагони чие ладење се постигнува со испарување на течен гас.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]