Измамникот Тома (роман)
„Измамникот Тома“ (француски: Thomas l'imposteur) — роман на францускиот писател Жан Кокто, напишан во 1922, а објавен во 1923 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Дејствието на романот се одвива за време на Првата светска војна, кога француската влада и припадниците на високото општество го напуштаат Париз. Тогаш, во приватната клиника на д-р Верн се лекуваат ранетите војници, а истовремено, таму лежи и ќерката на принцезата Клеманса де Борм, вдовица која е на лош глас поради нејзиното неконвенционално однесување. Таа се обидува да организира конвој со ранетите војници, но никако не може да добие одобрение од власта. Еден ден, сосема случајно, во болницата се појавува младиот Гијом Тома кој лажно се претставува како роднина на познатиот генерал де Фонтеноа. Со негова помош, принцезата де Борм успева да добие дозвола за пренос на ранетите од Париз, а покрај Тома, нејзе ѝ помагаат и госпоѓата Валиш и нејзиниот љубовник, заболекарот Жанти. Така, тие го започнуваат патувањето од Париз до линијата на фронтот, а патем земаат и група германски ранети војници. По враќањето во Париз, Гијом ги освојува симпатиите на пријателите на принцезата, а нејзината ќерка Анриета се вљубува во него. Истовремено, директорот на еден весник, Пескел-Дипор, е љубоморен на Гијом, зашто е вљубен во принцезата. Во една прилика, д-р Верн дознава од тетка ми на Гијон дека тој е сиромашно момче и лажго, но тајната ја задржува за себе. Со помош на Пескел-Дипор, Гијом заминува на белгискиот фронт, со цел да биде подалеку од Анриета, зашто забележува дека е вљубен во неа. Не можејќи да го издржат неговото отсуство, принцезата и Анриета ѝ се придружуваат на една театарска група која приредува претстави за војската и така го посетуваат Гијом. По враќањето во Париз, Анриета ѝ признава на мајка си за љубовта кон Гијом, а принцезата ја дава својата согласност, па Анриета му пишува писмо на Гијом, отворено искажувајќи му љубов. Меѓутоа, една ноќ, додека носи порака, Гијом налетува на германска патрола и погинува. Пескел-Дипор дознава за неговата смрт, но госпоѓата Валиш е побрза од него и ги известува принцезата и Анриета. Потресена од веста, Анриета доживува нервен напад, а подоцна, во санаториумот, испива отров и умира. Гијом, пак, е погребан на воените гробишта во градот Њупорт, Белгија.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Žan Kokto, Toma varalica. Kultura, Beograd, 1962, стр. 7-139.