Изложбен центар „Матка“

Координати: 41°57′11.7″N 21°17′51.6″E / 41.953250° СГШ; 21.297667° ИГД / 41.953250; 21.297667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Изложбен центар на „Матка“
Карта
Основан10 мај 2017[1]
МестоМатка, Скопје, Македонија Македонија
Типтехнолошки
Мреж. местоhttp://matka.com.mk/

Изложбен центар на „Матка“ — технолошки музеј, прв од таков вид на територијата на Македонија.[2] Се наоѓа под браната „Св. Андреја“ во близина на селото Матка, Скопско.

Опис[уреди | уреди извор]

Музејот се наоѓа во старата хидроцентрала на Матка проектирана од страна на Миладин Пеќинар во периодот 1935-1938 година. Во 2016 година објектот бил реновиран и пренаменет во изложбен простор, кој бил отворен на 10 мај 2017 година.[1]

Поставка

Во поставката на изложбаниот центар можат да се видат оригинални стари предмети, архивски материјали, филмови, фотографии, интервјуа, реални компоненти на електроенергетски сиситем како и уникатни образовни експонати изработени специјално за центарот и наменети за учење преку интеракција.

Темите кои ги опфаќаат експонатите се:

  • историја на електрификација на Македонија
  • историја на хидроцентралата Матка
  • поим за електрицитет и електрична енергија
  • електро-енергетски систем
  • обновлива енергија: хидроенергија, сончева енергија, ветер
  • енергетска ефикасност

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „ЕВН Македонија го отвори првиот музеј за електрична енергија во регионот“. Скопје. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. Музејот на ЕВН во туристичка понуда на Скопје: Хидроцентралата Матка произведува струја од 1938 година[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°57′11.7″N 21°17′51.6″E / 41.953250° СГШ; 21.297667° ИГД / 41.953250; 21.297667