Излегол Дејан војвода

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Излегол Дејан војвода“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина5:18 (Билјан Стојаноски)
4:04 (Кирил Мицкоски)

Излегол Дејан војводамакедонска народна песна. Песната е посветена на некојси Дејан војвода кој ја посетил Дебрца и ги начекал тамошните мајки растажени по нивните затворени деца во зандани во Солун. Песната има ајдутски карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

-Никнала трева зелена,
ми разлистала гората,
излегол Дејан војвода,
низ таа славна Дебарца,
излегол Дејан војвода,
со својта верна дружина.

До што е село прошетал,
до девет мајки тој видел,
до девет мајки тој видел,
во црно сè облечени.
До девет мајки тој видел,
во црно сè облечени.

Бабо ле, стара мајчице,
зошто во црно одите,
зошто во црно одите,
зошто црнина носите?
Зошто во црно одите,
зошто црнина носите?

Дејане, млади војвода,
црна се чума зададе,
децата ни ги однесе,
Солуна в' затвор да лежат.
Солуна в' затвор да лежат,
од една па до сто-една.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]