Излегол Јане Сандански

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Излегол Јане Сандански“
Песна од Никола Бадев и Васка Илиева
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина2:56 (Никола Бадев и Васка Илиева)
03:11 (Танец)
02:57 (Академци)
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани

„Излегол Јане Сандански“македонска народна песна. Песната е посветена на Јане Сандански кој во песната, со пушка на рамо, решил да се прошета на Пирин Планина и да си ја бара четата. Песната е од ајдутски карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

-Излегол Јане Сандански, леле
да ми се Јане прошета.
Низ таа Пирин Планина, леле
низ тоа поле широко.

Нарамил пушка на рамо, леле
настранил капа на чело.
На пат си сретнал овчарче, леле
на овчарче вели, говори:

- Овчарче младо чобанче, леле
дали ја виде четата?
Нели ја виде четата, леле
четата на Јане Сандански.

- Видело сум ја слушнало, леле
сега за Јане збореа:
- Каде е Јане Сандански, леле
четата да си прибере.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]