Прејди на содржината

Издувен систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Издувна гранка на автомобилски мотор
Заден издувен лонец

Издувен систем или разговорно ауспух[1][2] (германски: Auspuff) — систем на моторно возило кој има улога да ги одведува отровните гасови кои се создаваат при согорувањето на горивото во моторите со внатрешно, нивно ладење и намалување на бучавата од моторот.[3]

Најчесто се состои од издувна гранка, издувна цевка и еден или два издувни лонци (придушувачи), а кај посовремените возила може да има и каталитички конвертор. Моторите „V“, особено оние со поголем број цилиндри, може да имаат две издувни гранки и двоен издувен систем.

Откако горивото се согорува во моторот, се образува мешавина од гасови која се состои главно од јаглеводороди (несогорено гориво), јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, азотни оксиди, фосфор, траги од тешки метали како што се олово или молибден и други супстанции. Сите овие супстанции се во гасовита состојба, под висок притисок и висока температура.

Издувните гасови влегуваат непосредно во издувната гранка, која ги спроведува гасовите од сите цилиндри во една издувна цевка. Издувната гранка, од очигледни причини, мора да биде изработена од материјал способен да издржи висок притисок и температура. Затоа кај автомобилите најчесто се изработува од леано железо, челик или отпорни легури, а во поново време и од посебни пластични маси.

Во поновите автомобили, веднаш по напуштањето на моторот, гасовите од согорувањето влегуваат во катализатор. Катализаторот е комора со голем број мрежички направени со помош на керамички калапи, обложени со различни метали како што се платина, паладиум, родиум и [[злато] ] кои служат како катализатори во постапката на согорување. За неговото производство се користи керамика, бидејќи нејзината специфична површина е многу голема, а површината на внатрешноста на катализаторот може да се спореди со големината на аеродромската писта. Каталитичкиот конвертор работи така што врши каталитичко согорување на преостанатите јаглеводороди и ги редуцира азотните оксиди во елементарен азот. По катализаторот, издувните гасови минуваат низ издувниот лонец каде што се ладат и се испуштаат во атмосферата.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Wilfried Staudt: Handbuch Fahrzeugtechnik Band 1. 1. izdanje, Bildungsverlag EINS, Troisdorf, 2005. ISBN 978-3-427-04520-5
  • Peter Gerigk, Detlev Bruhn, Dietmar Danner: Kraftfahrzeugtechnik. 3. izdanje, Westermann Schulbuchverlag GmbH, Braunschweig, 2000. ISBN 978-3-14-221500-6
  • Max Bohner, Richard Fischer, Rolf Gscheidle: Fachkunde Kraftfahrzeugtechnik. 27. izdanje, Verlag Europa-Lehrmittel, Haan-Gruiten, 2001. ISBN 978-3-8085-2067-3
  • Peter A. Wellers, Hermann Strobel, Erich Auch-Schwelk: Fachkunde Fahrzeugtechnik. 5. izdanje, Holland+Josenhans Verlag, Stuttgart, 1997. ISBN 978-3-7782-3520-1

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]