Изгорени од сонцето
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Изгорени од сонцето (руски: Утомлённые солнцем) е филм на рускиот режисер и глумец Никита Михалков од 1994 година. Филмот, помеѓу другите награди, ги освоил Главната награда на Филмскиот фестивал во Кан и „Оскар“ за најдобар филм од странско говорно подрачје.
Заплет
[уреди | уреди извор]Филмот започнува со 1936 година, пред самата „Голема чистка“ на Јосиф Сталин. Генерал-мајорот Сергеј Котов (го игра Никита Михалков), идеалист-комунист и воен херој од Бољшевичката револуција и Руската граѓанска војна, ужива во животот во неговата селска куќа. Покрај него се Марусја, поранешна благородничка која станала негова жена, неговата ќерка Надја и членовите на поширокото ексцентрично семејство на неговата сопруга, составено од поранешни благородници. Харизматичниот Котов претставува инспирација за сите околу него...