Извор (рудник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења на поимот Извор, видете на појаснителната страница

Извор — рудник на талк, кој се наоѓа околу 25 км јужно од Велес, во атарот на селото Извор. Оруднувањето се јавува по должината на главната тектонска руптура во тесен издолжен појас од околу 3–4 км, широк околу 150 м на контактот Вардарска зона и Пелагонискиот хорст антиклинориум. Оруднувањето се јавува на повеќе места, има слоевита форма со различна должина на протегање и дебелина до 5 m. Просторно талкот се наоѓа во талкшистите. Хемискиот состав на рудата е: SiO2 43%, Al2O3 13,6%, MgO 18–23% и Fe2O3 7,46%. Рудните резерви се околу 100.000 тони, а најголемиот дел е експлоатиран за потребите на фабриката за талк во Велес. Генетски наоѓалиштето е од контактно-метаморфен тип.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Милорад Стојановиќ, Наоѓалишта на неметални минерални суровини во Македонија, Скопје, 2005