Извор (ТВ серија)
| Извор | |
|---|---|
| Жанр | драма, теленовела |
| Создадена од | Куахтемок Бланко |
| Улоги | Адела Нориега Маурицио Ислас Даниела Ромо Алехандро Томаси Кариме Лозано |
| Воведна тема | "Amor, Amor, Amor" |
| Земја на потекло | Мексико |
| Првичен јазик | Шпански |
| Бр. на епизоди | 95 |
| Производство | |
| Извршен продуцент(и) | Карла Естрада |
| Времетраење | 45 минути |
| Прикажување | |
| Првична мрежа | Канал2 |
| Надворешни врски | |
| Мрежна страница | esmas.com/elmanantial |

Серијата Извор (шпански: El Manantial) е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во 2001 година[1], со 95 едночасовни епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, ја освои наградата за најдобра теленовела во 2002 година. Кај нас оваа теленовела се емитуваше на А1 телевизија, во утринскиот термин во 09 часот.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Приказна за страста и одмаздата помеѓу две сопернички фамилии, Валдез и Рамирес од гратчето Сан Андреaс. Предмет на расправијата е сопственоста на изворот со вода кој лежи меѓу нивните имоти и припаѓа на посиромашната фамилија Валдез, а Хусто Рамирес се труди на секој начин да го добие. Меѓутоа, главната причина за нивната омраза е шокантната тајна која се чува зад затворени врати. Хусто Рамирес е оженет со Маргарита, меѓутоа има тајна врска со Франциска, жената на Ригоберто Валдез. Ригоберто и Франциска ја имаат убават ќерка Алфонсина, родена отприлика во исто време со Александро, единствениот наследник на богатството на семејството Рамирес. Иако детството го поминале раздвоени и во атмосфера на предрасуди и омраза, кога конечно ќе се сретнат, меѓу нив се раѓа привлечност, која не се осмелуваат да ја признаат.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Адела Нориега | Алфонсина Валдез |
| Маурицио Ислас | Алехандро Рамирес |
| Алехандро Томаси | Хусто Рамирес |
| Даниела Ромо | Маргарита Рамирес |
| Мануел Охеда | Отец Салвадор |
| Кариме Лозано | Барбара |
Награди
[уреди | уреди извор]- Најдобра Теленовела на годината
- Најдобра главна глумица на годината - Адела Нориега
- Најдобра негативка на годината - Даниела Ромо
ДВД Издание
[уреди | уреди извор]Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Извор. Во пакетот се состоат двд цедеа, со сите 95 епизоди.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „El Manantial“ (шпански). alma-latina.net. Архивирано од изворникот на April 1, 2003. Посетено на May 18, 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 24 февруари 2011 г.
- Латинска Душа