Прејди на содржината

Извор (Гистав Курбе)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Извор
француски: Nude-La Source[1]
Творец Гистав Курбе
Година ок. 1862
Материјал Масло на платно
Димензии 120 см × 74.3 см
Место Метрополитен, Њујорк

Изворслика во масло од 1862 година направена од францускиот уметник Гистав Курбе. Сликата прикажува гола жена која стои надвор во природа, во извор.

На сликата жената посегнува во потокот додека тече кон нејзините раце. Непознат е идентитетот на жената на сликата. Имало некои шпекулации за тоа дали жената претходно била модел за Курбе или не. Некои велат дека таа била модел на Курбе двапати,[2] други велат дека таа била модел за Курбе само еднаш.[3]

Вдахновение

[уреди | уреди извор]

Многу луѓе веруваат дека сликата „Извор“ на Курбе била вдахната од сликата во масло од 1856 година, „Извор“ од Жан Огист Доминик Енгр.[4] Двете слики прикажуваат целосно голи жени и споделуваат слични сцени од природата. Сликата на Курбе исто така е споредувана со сликата „Месечина и Земја“ направена од Пол Гоген во 1893 година.[5]

Сликата на Курбе моментално е чувана во Музејот Метрополитен.

  1. H. O. Havemeyer Collection: Catalogue of Paintings, Prints, Sculpture and Objects of Art. n.p., 1931, pp. 80–81, ill., calls it "Nude-La Source" and dates it about 1862.
  2. Louisine W. Havemeyer. Sixteen to Sixty: Memoirs of a Collector. New York, 1961, pp. 185, 197–98, claims that the figure was painted in France and the landscape at Courbet's villa in Switzerland; states that she bought the picture from Durand-Ruel by cable in 1915 [see Ref. Weitzenhoffer 1986]; compares it to another version of the same subject (Musée d'Orsay, Paris; F627), suggesting that the same model was used for both pictures.
  3. Roger Bonniot. Gustave Courbet en Saintonge, 1862–1863. Paris, 1973, pp. 88–89, calls it as "Baigneuse à la source" or "La source"
  4. „The Source“. www.metmuseum.org. Посетено на 10 јануари 2023.
  5. Royal Cortissoz. "Gustave Courbet at the Museum." New York Tribune (6 април 1919), стр. 7

Дополнителна книжевност

[уреди | уреди извор]