Извидничко поречански одред Галеб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лого на одредот

Извидничко поречански одред Галеб е извиднички одред од Скопје. Основан е како прв поречански одред во 1955 година. Брои над педесетина членови. Главниот поттик за создавањето на одредот било да се изведуваат повеќе активности на вода на реките во околината на Скопје за што одредот своевремено бил и опремен со соодветна опрема како чамци и сплавови.