Известување за одржливост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Известувањето за одржливост не е само натрупување на извештаи од собрани податоци, туку е метод за интернализирање и подобрување на посветеноста на организацијата за одржлив развој на начин што може да се демонстрира и на внатрешните и на надворешните чинители.

[ потребно е цитирање ]

Историја[уреди | уреди извор]

Корпоративното известувањето за одржливост има историја дури од известувањето за животната средина. Првите извештаи за животната средина се објавени кон крајот на осумдесеттите години од страна на компании во хемиската индустрија кои имале сериозни „проблеми со замислата“. Другата група рани известувачи се група посветени мали и средни бизниси со многу напредни системи за управување со животната средина. Дополнително, тутунската индустрија прифатила вакво известување многу порано од остатокот од корпоративниот свет, во обид да привлече нови инвеститори во време кога етичкото инвестирање станувало сè попопуларно.

Нефинансиското известување, како што се одржливоста и извештаите за ООП, е прилично скорешен тренд кој се проширил во последните дваесет години. Многу компании сега изработуваат годишен извештај за одржливост и има широк спектар на оценки и стандарди. Постојат различни причини што компаниите избираат да ги подготвуваат овие извештаи, но во нивната основа тие се наменети да бидат „носители за транспарентност и отчетност“. Честопати тие имаат и намера да ги подобрат внатрешните процеси, да ги ангажираат засегнатите страни и да ги убедат инвеститорите.[1]

Проблем во известувањето за одржливост е дали и колку податоци во врска со практиките и влијанијата врз животната средина, социјалното и корпоративното управување мора да бидат откриени.

Како правно прашање, во САД, принципите на материјалноста контролираат дали корпорацијата со јавно тргување мора да ги открие одредените информации, т.е.: „еден факт е значаен ако постои значителна веројатност дека на разумен инвеститор, овој факт значително ќе му помогне или даде дополнителна предност од достапните информации“.[2] [ циркуларна референца ] Во овој случај, некои автори испитале и примениле неколку фактори (вклучувајќи ги процентите на управувани инвестициски средства што се проверуваат според критериумите на ЕСГ, плус фактот дека над 90% од големите јавни трговски компании објавуваат податоци на ЕСГ) и заклучиле дека податоците за ЕСГ се квалификуваат како материјални.[3] Исто така, предложено е дека и другите организации кои издаваат хартии од вредност можат да бидат добро советувани, па така, да се вклучат во известувањата за одржливост.[4]

Иницијативи[уреди | уреди извор]

Организациите можат да ги подобрат своите перформанси за одржливост со мерење („EthicalQuote (CEQ)“), следење и известување, помагајќи им да имаат позитивно влијание врз општеството, економијата и одржливата иднина. Клучните двигатели за квалитетот на извештаите за одржливост се упатствата на Глобалната иницијатива за известување (ГИИ),[5] за доделување на шеми или рангирање. Упатствата за известување за одржливост на ГРИ им овозможуваат на сите организации ширум светот да ги проценат нивните перформанси за одржливост и да ги објават резултатите на сличен начин како финансиското известување.[6] Најголемата база на податоци за извештаи за одржливост на компанијата може да се најде на мрежната страница на иницијативата на Глобалниот договор на ООН.

Видете и:[уреди | уреди извор]

  • Мерила и индекси на одржливост
  • Институт за светски ресурси

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rosie Bristow for the Guardian Professional Network. „Online discussion: sustainability reporting | Guardian Sustainable Business“. theguardian.com. Посетено на 2014-08-27.
  2. „TSC Industries, Inc. v. Northway, Inc., 426 U.S. 438, 449 (1976)“.
  3. Adam, Sulkowski; Waddock, Sandra. „Beyond Sustainability Reporting: Integrated Reporting Is Practiced, Required & More Would Be Better“. University of St. Thomas Law Review. 10: 1060–1123 – преку ResearchGate.
  4. Sulkowski, Adam (2016). „City Sustainability Reporting: An Emerging and Desirable Legal Necessity“. Pace Environmental Law Review. 33: 278–299 – преку Research Gate.
  5. [1] Архивирано 25 април 2011 г..
  6. [2][мртва врска][мртва врска]

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

  • Schaltegger, S.; Bennett, M. & Burritt, R., eds. (2006). Sustainability Accounting and Reporting. Dordrecht: Springer.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Речник за 360 извештаи Архивирано 20 август 2019 г.. Дефиниции на поимите во врска со известувањата за одржливост
  • Список на извештаи за ГРИ Архивирано 12 декември 2019 г.. - извештаи за иницијатива за глобално известување (1999 година-). Мисијата на ГРИ е да направи стандардна практика за известување за одржливост преку обезбедување на упатства и поддршка на организациите.
  • Меѓународен совет за интегрирано известување (IIRC) Глобална коалиција на регулатори, инвеститори, компании, поставувачи на стандарди, сметководствена професија и невладини организации. Коалицијата промовира комуникација за создавање вредност како следен чекор во еволуцијата на корпоративното известување.
  • Нефинансиското известување и Центарот за извори на ООП е фокусиран на темата животна средина/ одржливост/ социјално известување и обезбедува целосно описни врски што се наоѓаат во неговиот меѓународен дел наведени во 30 категории.