Изанаги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Изанаги-но-Микото

Изанаги (јапонски: イザナギ, 伊邪那岐 или 伊弉諾) - бог во јапонската митологија, создавач на Јапонија. Според будистичката легенда, Изанаги „уште во времето пред времето, кога постоеле само небото и водата, го зел својот долг стап, со него замешал некое животно масло и го истурил на водата, и тогаш од водата се појавиле четири големи острови: Кјушу, Шикоку, Хоншу и Хокаидо. Така настанала Јапонија.“ Исто така, се верува дека Изанаги го фрлил својот стап на Јапонија и во тој миг настанало божеството Сае но Ками.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Džašumon“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 80.