Изакаја

Изакаја (јапонски: 居酒屋) — вид неформална јапонска гостилница во која посетителите пијат и мезат по завршувањето на работниот ден. Изакаите, според намената, се слични на ирските пабови, шпанските тапас-барови, раните американски салони и таверни.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Зборот изакаја се состои од канџи-знаците „и“ (јап. 居, останува) и „сакаја“ (јап. 酒屋, продавница за саке), бидејќи изакаите настанале од продавници за саке каде што на посетителите им било дозволено да седнат и да пијат.
Во секојдневниот говор, изакаите исто така се нарекуваат „акачочин“ (јап. 赤提灯, црвен фенер) бидејќи пред овие локали традиционално се изложува хартиено фенерче.
Историја
[уреди | уреди извор]Историчарката Пенелопе Френкс смета дека развојот на изакаите во Јапонија, особено во периодот едо, е еден од показателите за растечката популарност на консумирањето саке кон крајот на XVIII век.[1]
Првично, пред периодот меиџи, посетителите пиеле алкохол во продавниците за саке стоејќи. Потоа, некои од локалите почнале да користат буриња од саке како столови, по што на пијалаците биле додадени и грицки (мезе).
Една од изакаите во Токио станала широко позната меѓу странците откако во 1962 г., американскиот државен обвинител Роберт Кенеди вечерал во неа за време на состанокот со водачите на јапонските синдикати.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Francks, Penelope. Inconspicuous Consumption: Sake, Beer, and the Birth of the Consumer in Japan (англ.) // Journal of Asian Studies : журнал. — Cambridge University Press, 2009. — 27 January (vol. 68, no. 1). — P. 135—164. — doi:10.1017/S0021911809000035.
- ↑ „Robert F. Kennedy visits an izakaya in Tokyo, 1962“. Morning World. 1962-02-06. стр. 11. Посетено на 2025-11-08.