Изаир Сами
Изаир Сами | |
---|---|
Прекари | Баци |
Род | ОНА |
Битки/војни | Воен конфликт во Македонија, 2001 |
Изаир Сами (албански: ?, Шемшево, Тетовско) е поранешен член на ОНА.
Во 2001 година, Основниот суд Скопје 1 му изрекол на Сами двегодишна затворска казна под обвинение дека недозволено поседување оружје. Според пресудата, командант Баци бил уапсен во полициска акција кај тетовското село Требош во ноември 2001 година. Тој бил приведен со уште пет терористи, членови на ОНА. Полицијата кај него нашла автоматска пушка што тој ја поседувал незаконски. Тетовскиот Основен суд му ја врачил пресудата на 18 февруари минатата година. Но тој веднаш поднел жалба за одложување на издржувањето на казната од здравствени причини. Во образложението тој навел дека бил ранет во борбите кај селото Порој во 2001 година и оти наводно од шрапнелите од бомбата бил инвалид и не можел да ја употребува десната рака. На 20 февруари судот му ја одбил жалбата и му наредил на 23 февруари да се јави во затворот во Тетово. По ова командант Баци поднел жалба и до Апелацискиот суд во Скопје, која исто така била му била одбиена.[1].
Изаир Сами бил директно вмешан ѝ во упадот и преземањето на „Тетово табак“. Тој е осомничен и за незаконско присвојување на спортската сала кај Градскиот стадион во Тетово, потоа за ресторанот „Чардак“ и за земјоделската задруга во селото Лешок. Командант Баци се поврзува и со претепување тројца работници во месната задруга во селото Прељубиште. Претепаните го посочиле него како организатор на физичкиот напад, бидејќи сакал да стане сопственик на задругата. Тој е осомничен и дека учествувал во нападот на полициската станица во селото Теарце за време на воената криза во земјава. Изаир Сами се наоѓа и на црната список на Европската Унија, објавена пред извесно време.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Командант Баци „падна" во Лептокарија“. Време. Посетено на 2011-02-19.[мртва врска]
- ↑ „Изаир Сами, попознат како командант Баци е во затвор“. Посетено на 2011-02-19.[мртва врска]