Изабел Жефроа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ZAZ.jpg

Изабел Жефроа (француски: Isabelle Geffroy) (родена на 1 мај 1980 во Тур, Франција), попозната по прекарот Заз (Zaz), е француска пејачка која комбинира повеќе џез стилови, француско вариете, соул и акустика. Таа е позната по нејзиниот прв хит „Je veux“, од нејзиниот прв албум Zaz, издаден на 10 мај 2010.

Почетни години[уреди | уреди извор]

Нејзината мајка била шпански учител, а татко и работел за електрична компанија. Во 1985 година, таа се запиша во „Conservatoire à rayonnement régional de Tours“ со нејзината сестра и нејзиниот брат и присуствуваа на курсевите на возраст од 5 до 11 години. Таа студира музичка теорија; посебно виолина, пијано, гитара, и хорско пеење. Во 1994 година се пресели во Бордо. Во 1995 година, таа зема часови по пеење и спортува година време во Бордо, и за сето тоа време студира кунг фу со професионален тренер. Во 2000, таа доби стипендија од регионалниот совет, кој и дозволи да се приклучи на училиштето за модерна музика, CIAM во Бордо (Центар за музички активности и информации). Нејзините музички влијанија ги вклучуваат „Четирите годишни времиња“ од Вивалди, џез пејачи како Ела Фицџералд, и други пејачи како Енрико Масијас, Боби МекФерин и Ричард Бона, како и африкански, латински и кубански ритми. Во 2006 година, таа се пресели во Париз.

Пејачка кариера[уреди | уреди извор]

Zaz Benoit Simon.JPG

Во 2001 година, таа ја започна нејзината пејачка кариера во блуз бендот „Fifty Fingers“ („Педесет прсти“). Таа пееше во музички групи во Angoulême, особено во џез квинтет. Таа стана еден од четирите пејачи на Izar-Adatz (Баскија за „Метеорот“), разноличен бенд составен од шеснаесет луѓе со кои таа беше на турнеи две години, особено во Средно-Пиринејскиот дел и Баскија. Таа работеше во студиото како хорист во Тулуз и настапуваше со многу пејачи, вклучувајќи ги Maeзo, Арт Менго, Владимир Макс, Жан-Пјер Мадер и Серж Геро.

Во мај 2010 година, француското списание Телеграма објави: „Пораснаа гласините во последниве недели: Заз е свет глас и таа ќе биде откритие на летото!“. На 10 мај 2010 година, Zaz го издаде својот прв албум. Тој содржи композиции што ги таа напиша („Trop sensible“) и во кои се јавува како коавтор ("Les passants", "Le long de la route", "Prends garde à ta langue", "J'aime à nouveau", "Ni oui ni non"). Керадин Солтани се јавува како продуцент на албумот со натпис „Play On“ и го напиша и компонира хитот „Je veux“. Поп пејачот Рафаел Харош ги напиша нејзините песни "Éblouie par la nuit", "Port Coton" и "La fée". Во 2010 година, таа потпиша договор за нејзините турнеи со Caramba и издавачот Sony АТV. Таа беше поканета во неколку телевизиски појавувања (како што се Taratata и Chabada) и беше присутна во неколку програми на радио.

Zaz понатаму тргна на турнеја низ Франција (Paris, La Rochelle, Montauban, Saint-Ouen, Chateauroux, Landerneau, Fécamp...), настапи на Francofolies of Montreal (Канада), Монтеј (Швајцарија), Брисел, Берлин и Милано. Во есента Zaz го достигна врвот на топ листите во Белгија, Швајцарија и Австрија. Метју Балижанд, нејзиниот менаџер и продуцент во Caramba Entertainment, објасни во Liberation: "Ние зборуваме многу за неа сега и луѓето ја чекаат на крајот... И покрај барањата, се чини дека е подобро да ја направи својата прва турнеја во педесет мали места кои ќе и го пружат нејзиниот кредибилитет. Zaz е популарен, интуитивен уметник, кој е запознаен со музика, кој може да пее, но да се направи квалитетно шоу е нешто сосема друго...". Во ноември 2010 година, деби албумот на Zaz стана двојно платинест, и ја доби наградата „Откритие на песната“ од страна на Академијата Charles Cros. Zaz исто така ја освои наградата на European Border Breakers Award (Награда за Прекинувачи на Европската Граница): таа беше прогласена за француски уметник кој најмногу е слушан во странство во 2010 година. Според анкетата објавена од страна на L'Internaute, Zaz беше најпопуларниот француски пејач во 2010 според пласманот.

Во 2011 година, таа се приклучи на хуманитарниот ансамбл „Les Enfoirés“. Zaz одржа концерт во Нови Сад (Србија).

Во 2012 година, Zaz планира да одржи концерт во Белград (Србија).

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

Година Наслов Шема[1][2][3][4] Сертификација (ФР)
АУТ БЕЛ (ФЛ) БЕЛ (ВА) ФР ГЕР ГР ИТ ПОЛ СУИ ХОЛ РУС ЧЕШ ЕСП
2010 ZAZ 12 51 1 1 3 3 19 1 10 56 3 3 93 Diamond[5]
Албуми во живо
  • 2011: Sans tsu tsou Live Tour (ФРА #24, БЕЛ/ВА #27)

Синглови[уреди | уреди извор]

Година Наслов Шема[6][7][8][9][10][11][12][13]
БЕЛ (ФЛ) БЕЛ (ВА) ШВА АВС ГЕР ФРА ПОЛ БУГ
2010 "Je veux" 34 2 23 16 22 34 23 26
2010 "Le long de la route" 321 16 62 39
2011 "La fée" 7 40 17
2011 "Éblouie par la nuit" 17 34 37

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ZAZ – ZAZ, in various albums charts“ (на french). Lescharts. http://lescharts.com/showitem.asp?interpret=Zaz&titel=Zaz&cat=a. конс. 5 јануари 2011 г. 
  2. „ZAZ – ZAZ, in various albums charts“ (на english). acharts. http://acharts.us/album/55242. конс. 13 ноември 2011 г. 
  3. „ZAZ – ZAZ, in various albums charts“ (на russian). lenta.ru. http://lenta.ru/articles/2011/12/23/chart/. конс. 7 август 2012 г. 
  4. „Zaz - Zaz, Czech Albums Chart“ (на czech). ČNS IFPI. http://www.ifpicr.cz/hitparada/index.php?a=titul&hitparada=14&titul=149488&sec=0a9af69a8f6b49dbf581d01af5ef093d. конс. 18 ноември 2011 г. 
  5. http://www.disqueenfrance.com/fr/pag-259165-CERTIFICATIONS.html?year=&type=15
  6. „ZAZ – "Je veux", in various singles charts“ (на french). Lescharts. http://lescharts.com/showitem.asp?interpret=Zaz&titel=Je+veux&cat=s. конс. 5 јануари 2011 г. 
  7. „ZAZ – "Le long de la route", in various singles charts“ (на french). Lescharts. http://lescharts.com/showitem.asp?interpret=Zaz&titel=Le+long+de+la+route&cat=s. конс. 5 јануари 2011 г. 
  8. „ZAZ – "Je veux", in various singles charts“ (на english). acharts. http://acharts.us/song/55887. конс. 11 ноември 2011 г. 
  9. „ZAZ – "Le long de la route", in various singles charts“ (на english). acharts. http://acharts.us/song/60963. конс. 11 ноември 2011 г. 
  10. „ZAZ – "La fée", in various singles charts“ (на english). acharts. http://acharts.us/song/62272. конс. 11 ноември 2011 г. 
  11. „ultratop.be - Zaz - La fée“. http://www.ultratop.be/fr//showinterpret.asp?interpret=Zaz. конс. 13 ноември г. 
  12. „Archiwum notowań Listy Przebojów Programu Trzeciego publisher=lp3.pl“. http://lp3.pl/alpt.phtml?m=12&w=2205. конс. 25 март 2012 г. 
  13. „ultratop.be - Zaz - Éblouie par la nuit“. http://www.ultratop.be/fr/showitem.asp?interpret=Zaz&titel=%C9blouie+par+la+nuit&cat=s. конс. 7 август 2012 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]