Изабела Перон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Изабел Мартинез де Перон
Isabel Martinez de Peron.jpg
Претседател на Аргентина
На должноста
1 јули 1974 – 24 март 1976*
Претходник Хуан Перон
Наследник Хорхе Видела
Вице-претседател на Аргентина
На должноста
12 октомври 1973 – 1 јули 1974
Претседател Хуан Перон
Претходник Висенте Солано Лима
Наследник Виктор Мартинез (1983)
Прва дама на Аргентина
На должноста
12 октомври 1973 – 1 јули 1974
Претседател Хуан Перон
Претходник Норма Беатриз Лопез Рега
Наследник Алиса Видела Raquel
Лични податоци
Роден(а) Марија Естела Мартинез Картас
4 февруари 1931 (1931-02-04) (воз. 86 г.)
Ла Риоха, Аргентина
Партија Justicialist
Сопружник Хуан Перон (в. 1961; died 1974)
Потпис
*Перон бил во отсуство од 13 септември 1975 до 16 октомври 1975 година, за време на кој Итало Лудер работел како в.д. претседател.

'Марија Естела Мартинез де Перон' или Изабела Мартинез де Перон (шпански: María Estela Martínez de Perón; родена на 4 февруари 1931 година во Ла Риоха) — третата сопруга на аргентинскиот претседател Хуан Перон. После смртта на нејзиниот сопруг таа станала прва жена претседател во историјата на светот, служејќи како Претседател на Аргентина од 1 јули 1974 до 24 март 1976 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Изабела е родена во аргентинскиот град Ла Риоха[1]. Хуан Перон ја запознал за време на прогонството во Панама[2], каде работела како танчерка во ноќен клуб. Изабела и Хуан стапиле во брак во 1960 година во Шпанија[2].

Во 1973 година Хуан се вратил во Аргентина и се кандидирал за претседател, и ја избра Изабела Перон како потпретседателски кандидат. Перон се надевал дека народот ќе ја прифати исто како Ева Перон, но тоа не случило.

После смртта на сопругот, таа го наследила како претседател, но се испоставило дека нема никаков авторитет. Аргентина се повеќе тонела во нереди и економска криза, а перонистичкото движење се поделило на лева и десна фракција, чији пресметки прераснале во војна.

Во 1976 година војската извршила воен удар и пет години ја држела во куќен притвор. После тоа таа заминала во егзил во Шпанија, каде и денес живее.

Во 2006 година во Аргентина започнала истрага поради нејзина вмешаност во ликвидација на 500 и исчезнување на 600 левичарски политичари и активисти во периодот 1973—1976 година[3]. На 12 јануари 2007 година била уапсена во Мадрид по барање на Аргентина[4]. Шпанскиот суд го одбил барањето за екстрадиција на Аргентина[5].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Binayán Carmona, Narciso. Maria Estela Martinez Cartas said one day: Zanga Cutiricutanga, that words were a tipic words in that years. Historia genealógica Argentina. EMECE, 1999, p.578.
  2. 2,0 2,1 Eloy Martínez, Tomás (1985). La Novela de Perón. Random House. ISBN 0-679-78146-3. 
  3. Warrant for ex-Argentine leader, BBC, 12 January 2007.
  4. „Isabel Peron's arrest signals shift in Argentina“. Los Angeles Times. 13 јануари 2007. http://www.latimes.com/news/nationworld/world/la-fg-isabel13jan13,0,4399284.story?coll=la-home-world. 
  5. „Extradition of Isabel Perón To Argentina Is Rejected By Court“. New York Times. 29 април 2008. https://query.nytimes.com/gst/fullpage.html?res=9F03E5D71330F93AA15757C0A96E9C8B63. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]