Изабела Башмакова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Изабела Башмакова
Изабелла Григорьевна Башмакова
Податотека:Bashmakova1987.jpg
Башмакова во 1987 година
Роден3 јануари 1921(1921-01-03)
Ростов на Дон, Руска ССР
Починал17 јули 2005(2005-07-17) (воз. 84 г.)
Звенигород,  Русија
НационалностРусинка
Полињаматематика
ОбразованиеМосковски државен универзитет „Ломоносов“
Теза(1948)
Докторски менторСофија Јановскаја
Поважни наградиПочесни дипломи во 1971, 1976 и 1980

Изабела Григориевна Башмакова (руски: Изабелла Григорьевна Башмакова, 1921-2005) била руски историчар на математиката.

Образование и кариера[уреди | уреди извор]

Башмакова е родена на 3 јануари 1921 година во Ростов на Дон, во семејство со ерменско потекло. Нејзиниот татко, Григориј Георгиевич Башмаков, бил адвокат. Нејзиното семејство се преселило во Москва во 1932 година. Започнала со студии на Факултетот за механика и математика при Државниот универзитет во Москва во 1938 година, но била евакуирана од Москва за време на Втората светска војна, при што работела како медицинска сестра во Самарканд.[1][2] Докторирала во 1948 година, под надзор на Софија Јановскаја.[3]

Таа продолжила да работи во Московска Област како асистент професор, а во 1949 година била промовирана во придружен професор. Во 1950 година нејзиниот сопруг, математичарот Андреј И. Лапин, бил уапсен, поради своето противење на движењето на Трофим Лисенко (Лисенкоизам), но делумно поради напорите на Башмакова, тој повторно бил ослободен во 1952 година.[4] Башмакова го завршила својот докторат во 1961 година и станала редовен професор во 1968 година.[1][2]

Таа се пензионирала и станала доцент (пензиониран професор-ветеран) во 1999 година, а починала на 17 јули 2005 година, на одмор во Звенигород.[5]

Придонеси[уреди | уреди извор]

Дисертација на Башмакова се однесувала на историјата на дефинициите на целите и рационалните броеви, од Евклид и Евдоксус до Золотарев, Дедекинд и Кронекер.[1][2]

Нејзините подоцнежни истражувачки придонеси вклучуваат споредба на алатките што ги користел Диофант за да ја реши Диофантовата равенка, наспроти повеќето современи методи; следејќи ја мисловната линија предложена од Јакоби, таа сугерирала дека методите на Диофант биле пософистицирани отколку што претходно се мислело, но дека нивната софистицираност била скриена од акцентот на конкретни случаи, во пишувањето на Диофан. Таа користела комплексни броеви за повторно да ги интерпретира геометриските трансформации проучени од Франсоа Виет.[1][2] Таа исто така ја проучувала историјата на алгебарски кривини и ги превела делата на Фермат на руски јазик.[6]

Признанија[уреди | уреди извор]

Во 1986 година, Меѓународниот конгрес на математичари првично објавил листа на говорници, во која не биле вклучени жени. По протестите, Извршниот комитет на конгресот поканил шест жени за да зборуваат на конгресот. Башмакова била една од тие шест жени; таа не можела да отпатува на конгресот, но нејзиниот документ се појавил во списокот на дела.[7]

Меѓународната академија за историја на науката во 1966 година ја избрала како членка, а како полноправна членка во 1971 година.[1][2] Добитничка е на почесни дипломи во 1971, 1976 и 1980 година.[4] Во 2001 година, Меѓународната академија за историја на науката ја наградила со медал на Александер Којре.[4] Во 2011 година, конференција на Руската Академија на Науките, била посветена во нејзина чест.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Aleksandrov, P. S.; Gnedenko, B. V.; Demidov, S. S.; Kolmogorov, A. N.; Petrova, S. S.; Rybnikov, K. A.; Yushkevich, A. P. (1981), „Izabella Grigor'evna Bashmakova (on the occasion of her sixtieth birthday)“, Matematika v Shkole (1): 73–74, MR 618403, doi:10.1070/RM1981v036n05ABEH003060 .
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Demidov, S. S.; Petrova, S. S.; Yushkevich, A. P. (1981), „Isabella Grigoryevna Bashmakova: on the occasion of her 60th birthday“, Historia Mathematica 8 (4): 389–392, MR 635359, doi:10.1016/0315-0860(81)90049-5 .
  3. Изабела Башмакова at the Mathematics Genealogy Project
  4. 4,0 4,1 4,2 Demidov, Sergey S.; Parshin, Alexei N.; Shafarevich, Igor R.; Petrova, Svetlana S.; Smirnova, Galina S.; Tikhomirov, Vladimir M. (2002), „Isabella Grigoryevna Bashmakova on the eightieth anniversary of her birth“, Historia Mathematica 29 (4): 370–382, MR 1936797, doi:10.1006/hmat.2002.2363 .
  5. Demidov, Sergei S.; Vandoulakis, Ioannis M. (2007), „Isabella Grigoryevna Bashmakova (1921–2005)“, Historia Mathematica 34 (2): 137–139, MR 2320096, doi:10.1016/j.hm.2006.10.002 .
  6. Demidov, S. S.; Petrova, S. S.; Yushkevich, A. P. (1991), „Isabella Grigoryevna Bashmakova on the 70th anniversary of her birth“, Historia Mathematica 18 (3): 209–211, MR 1118952, doi:10.1016/0315-0860(91)90390-J .
  7. Case, Bettye Anne; Leggett, Anne M. (2005), „Across Borders“, Complexities: Women in Mathematics, Princeton University Press, стр. 121–128, ISBN 9780691114620 . See in particular p. 122.
  8. Demidov, S. S. (2012), „A meeting of the mathematics section of the Central House of Scientists of the Russian Academy of Sciences dedicated to the 90th anniversary of the birth of I. G. Bashmakova“, Voprosy Istorii Estestvoznaniya i Tekhniki (1): 195–198, MR 2976818 .