Идиоти (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Идиоти“ (дански: Idioterne) – филм на режисерот Ларс фон Триер од 1998 година. Главните улоги ги играат: Бодил Јоргенсен, Јенс Албинус и Ана Луиза Хасинг. Филмот претставува втор дел од трилогијата „Златно срце“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Група млади луѓе одлучуваат да протестираат против некреативното и бесцелно општество така што глумат дека се идиоти. За таа цел, тие посетуваат ресторани, фабрики итн., изведувајќи непријатни сцени пред присутните со намера да го проверат нивниот однос кон ментално заостанатите луѓе. При посетата на еден ресторан, ним им се придружува Карен (ја игра Јоргенсен), која цело време ги следи нивниет активности. Најпосле, во нивната куќа доаѓа таткото на една девојка-членка на групата и ја одведува со себе. Тогаш, групата почнува да се распаѓа, откако нивниот водач предлага да се вратат во своите семејства и на работните места и таму да се однесуваат како ментално заостанати. Тој предлог го прифаќа само Карен, која се враќа дома, по двенеделно отсуство. Всушност, таа побегнала од погребот на своето дете. Кога почнува да се однесува како идиот, нејзиниот сопруг ја удира, а останатите членови на семејството ја осудува, па Карен повторно го напушат домот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Идиоти (пристапено на 1.5.2023)