Идеја (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Идеја во старогрчката митологија било име на повеќе личности.

Митологија[уреди | уреди извор]

  1. Нимфа, најада, веројатно ќерка на Океан и Тетија. Била мажена за речниот бог Скамандар и потекнувала од извориштата на неговата река. Му го родила синот Теукро, првиот тројански крал. За неа пишувале Аполодор и Диодор.[1]
  2. Ќерка на скитскиот крал Дардан, која била омажена за Финеј. Со него ги имала синовите Квин и Маријандин. Други автори ја нарекуваат Дија, Евритија или Ејдотеја.[2] Според едно предание, Финеј во претходниот брак со Клеопатра имал два сина, Плексип и Пандион, а Идеја, неговата втора сопруга се покажала како многу лоша маќеа. На своите посиноци им ги избола очите или самиот Финеј ги ослепел поради нејзините клевети. Ги фрлила во темница каде редовно биле камшикувани. Ги спасиле аргонаутите, односно бореадите, а по совет на Херакле, Идеја била вратена на својот татко кој ја казнил со смрт.[3]
  3. Епитет на божицата Кибела.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. theoi.com: Idaia
  2. „Greek Myth Index: Phineus“. Архивирано од изворникот на 5 јули 2010. Посетено на 26 јули 2010.
  3. Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
  4. „Greek Myth Index: Idaea“. Архивирано од изворникот на 20 јуни 2010. Посетено на 26 јули 2010.