Игуаке
| Игуаке | |
|---|---|
| Место | Вила де Лејва, Бојака (департман) |
| Координати | 5°41′16″N 73°26′12″W / 5.6879°N 73.4366°W |
| Земји во сливот | Колумбија |
| Површина | 6750 км2 |
| Најг. длабочина | 5,2 м |
| Надм. височина на површината | 3,800 м |
Игуаке — езеро кое се наоѓа во Департман Бојакa, во Колумбија. Езерото и околниот простор биле прогласени за светилиште на флората и фауната во 1977 година.
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Игуаке се наоѓа североисточно од Вила де Лејва. Доминантниот екосистем е алпска тундра на Андите, со присуство на растението фраилејон, папрати, лишаи и пуји. Просечната температура изнесува 12 °C. Пристапната рута до природниот резерват е: Богота – Тунха (147 км)/Тунха– Вила де Лејва (39 км).
Културна вредност
[уреди | уреди извор]Игуаке се сметало за свето место за народот Муиска. Според легендата, човештвото потекнува од езерото Игуаке, кога божицата Бачуе излегла од езерото држејќи во рацете едно момче. Кога момчето пораснало, таа се омажила за него и нивните деца го населиле светот. Тие се сметаат за предци на човечкиот род. На крајот, Бачуе и нејзиниот сопруг исчезнале во езерото, претворајќи се во змии.
Биологија
[уреди | уреди извор]Видот пчела Neocorynura muiscae, опишан во 2006 година, бил пронајден во светилиштето во близина наИгуаке, односно во Засолништето за флора и фауна Игуаке, и бил именуван по народот Муиска.
