Игор Кралевски
| Игор Кралевски | |||
|---|---|---|---|
| Лични податоци | |||
| Роден на | 10 ноември 1978 | ||
| Роден во |
Скопје, СР Македонија, СФР Југославија | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1.87 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | одбрана | ||
| Повлекување | 2014 | ||
| Младинска кариера | |||
|
| |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 1998–2001 |
| 6 | (1) |
| 2001–2002 |
| 14 | (2) |
| 2002–2005 |
| 87 | (4) |
| 2005–2007 |
| 12 | (0) |
| 2007–2008 |
| 20 | (0) |
| 2009–2010 |
| 14 | (1) |
| 2010–2012 |
| 66 | (7) |
| 2012–2014 |
| 28 | (0) |
| Репрезентација | |||
| 2005–2010 |
| 3 | (0) |
Игор Кралевски (роден на 10 ноември 1978 година) — македонски поранешен фудбалер кој играл како одбранбен играч.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Својата професионална кариера ја започнал кон крајот на 90-тите години во екипата на Цементарница, од каде во 2001 година се преселил во Македонија Ѓорче Петров. По една сезона со лавовите, тој стигнал во Работнички, каде што се утврдил како играч станувајќи шампион на Македонија во последната од трите сезони и добивајќи повик во репрезентацијата.
Во летото 2005 година, Кралевски за првпат ја напуштил татковината и замнинал во странство, каде потпишал за хрватскиот клуб Хајдук Сплит. Во Хајдук успеал брзо да се наметне и солидно го одиграл првиот дел од сезоната 2005-2006, привлекувајќи интерес од неколку странски клубови како германскиот Бохум и рускиот Торпедо Москва. И покрај тоа, тој останал во Сплит, каде уследиле неколку послаби настапи кој кулминирале со црвениот картон кој го заработил на натпреварот против Риека на Пољуд во кој Хајдук со играч помалку бил поразен со убедливи 0-4. Од тој момент, започнал да паѓа во хиерархијата на клубот, а новиот тренер Зоран Вулиќ го пречкртал од својте планови за следната сезона.
Во јануари 2007 година, Кралевски потпишал за рускиот клуб Луч-Енергија, каде до крајот на сезоната одиграл 20 натпревари без постигнат гол во руското првенство. Во 2009 година, се вратил во Македонија Ѓорче Петров, а по една сезона таму отишол во Металург Скопје со кој во првата сезона го освоил Купот на Македонија. Кариерата ја завршил како играч на Тетекс во 2014 година.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Своето деби за сениорската репрезентација на Македонија, Кралевски го имал во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2006 на гостувањето против Ерменија во јуни 2005 година. Вкупно за македонската репрезнетација има одиграно вкупно 3 натпревари, без постигнат гол.[1]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]| Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија | ||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
| 4-6-2005 | Ереван | Ерменија | 1 – 2 | Квал. за СП 2006 | - | |||
| 8-6-2005 | Теплица | Чешка | 6 – 1 | Квал. за СП 2006 | - | |||
| 22-12-2010 | Гвангжу | Кина | 0 – 0 | Пријателска | - | |||
| Вкупно | Настапи | 3 | Голови | 0 | ||||
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Работнички
[уреди | уреди извор]Металург
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 2020-04-16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Фудбалери на ФК Тетекс
- Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига
- Фудбалери на ФК Металург (Скопје)
- Фудбалери на ФК Луч Енергија Владивосток
- Фудбалери на ФК Работнички (Скопје)
- Фудбалери на ФК Хајдук Сплит
- Фудбалери на ФК Македонија Ѓорче Петров
- Фудбалери на ФК Цементарница
- Македонски фудбалски репрезентативци
- Македонски фудбалери
- Македонски иселенички фудбалери
- Родени во 1978 година