Иво Грегуревиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иво Грегуревиќ
Ivo Gregurević
Роден(а)7 октомври 1952(1952-10-07)
Долна Мала, Орашје, СР Босна и Херцеговина, Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Починал(а)1 јануари 2019(2019-01-01) (воз. 66 г.)
ЖивеалиштеЗагреб, Хрватска
Националностхрватско
Занимањеглумец
Активен период1977 до 2019

Иво Грегуревиќ (хрватски: Ivo Gregurević), (Долна Мала, Орашје, 7 октомври 1952Загреб, 1 јануари 2019) — хрватски театарски, филмски и телевизиски актер.

Биографија[уреди | уреди извор]

Основно образование стекнал во своето родно место, средно образование во Сараево. Дипломирал на Академијата за драмски уметности во Загреб. Дебитирал во 1977 година во филмот „Не се навалувај на надвор“, играјќи ја главната улога - провинцијалец на работа во Германија.

Во текот на осумдесеттите и деведесеттите години, остварил бројни извонредни филмски улоги[1],[2].Создавал ликови на лукави „типови од народот“, како на пример: киднаперот во „Осудени (1978)“, кондуктерот во „Кралската завршница (1987)“, иследникот во „Живеење со старец (1988)“, инспекторот во „Животот со стрикото“ (1991)особено е запаметена неговата улога во „Чаруга (1991)[3].

Успешно настапувал во театарот, во филмот и телевизијата. Бил награден на фестивалот во Ниш, ја добил наградата „Седумте секретари на СКОЈ“.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Телевизиски улоги[уреди | уреди извор]

Филмски улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]